Фонд кој инвестира во приватен капитал

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фонд кој инвестира во приватен капитал (англиски: Private-equity Fund) — посебен вид инвестициски фонд кој инвестира во акции на претпријатија кои не котираат на берзата.

Опис[уреди | уреди извор]

Овие фондови се слични на хеџ фондовите по тоа што се организирани како приватни партнерства во кои учествуваат ограничен број инвеститори, најчесто богати поединци и институционални инвеститори. Но, за разлика од хеџ фондовите, овие фондови инвестираат во акции со кои не се тргува на берзите, како што се: недвижен имот, инфраструктурни објекти, нови приватни претпријатија (start-ups), зрели приватни претпријатија, заеднички вложувања (venture capital) итн.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. J. Ashok Robin, International Corporate Finance. New York: McGraw-Hill/Irwin, 2011, стр. 408.