Флејтист (Мане)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Флејтист
Le fifre
Творец Едуар Мане
Година 1866
Вид масло на платно
Димензии 160 см × 97 см
Место Музеј Орсе, Париз

Флејтист(француски: Le fifre ) — маслена слика на платно од францускиот сликар Едуар Мане создадена во 1966 година. Таа денес е изложена во Музеј Орсе во Париз[1].

Денес ова дело се вбројува меѓу попознатите на Мане. Воедно според композицијата и севкупната ликовна атмосфера, оваа слика е една од најнежните и најстилизираните по боја.[2]

Опис[уреди | уреди извор]

Претставено е малдо момче што свири на пиколо флејта. Сликата настанала по претојот на мане во Шпанија и посетата на музејот Прадо, каде што се запознал и бил воодушевен од делата на Диего Веласкес.[3]

Стил[уреди | уреди извор]

Сликата ги содржи основните стилски одлики на овој голем импресионистички автор. Чувство за атмосфера. Еден вид дводимензионалност и намерно избегнување на студен реализам. Настојување на доминантно и провидно присуство на светлината и особено колоритот. Во многу елементи ова слика се разликува од другите по едноставноста и чистотата на изразот доловен со стилизирани и минималнаи линии.[4]

Техника на сликање[уреди | уреди извор]

Мане бил еден од пионерите на импресионизмот. Избегнувајќи го тривијалното, лажно реалистичко и академско сликарство, тој ги надминува стереотипите и тргнува по патот на директното, на снажното и искреното ликовно изразување, подалеку од малограѓанското и декоративно, патетично прифаќање на сликарството. Мане настојува на провидно, директно скоро плакатско изразување.[5]

Влијание[уреди | уреди извор]

Како и повеќето дела на овој мајстор, сликата била инспирација, патоказ и размисла на низа ликовни творци како и во развојот на самата ликовна уметност. Поради специфичниот минимализам и директност, оваа слика ќе изврши влијание кај Анри де Тулуз-Лотрек и неговите антологиски плакати како и во елементарноста и лаконскиот израз кај Анри Матис, Пабло Пикасо.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Le fifre
  2. Manet[мртва врска]
  3. „Manet“. Архивирано од изворникот на 2012-06-16. Посетено на 2020-12-10.
  4. „Eduardo Manet“. Архивирано од изворникот на 2013-09-08. Посетено на 2020-12-10.
  5. Édouard Manet's
  6. Manet’s

Надворешни врски[уреди | уреди извор]