Клод Моне слика во своето ателје

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Клод Моне слика во своето ателје“, 1874

''Клод Моне слика во своето ателје'' или ''Моне на неговиот чамец'' (француски: "Claude Monet peignant dans son atelier") е слика, масло на платно од 1874 година од Едуар Мане. На неа се гледа како неговиот пријател Клод Моне слика во неговиот „чамец - ателје“ како и приказ на неговата сопруга. Ова бил стар чун што го купил Моне околу 1871 или 1872 година, од кој ја набљудувал светлината на Сена[1].

Сликата претставува највисоко сведоштво за односот на заемно почитување што постоела помеѓу Мане и Клод Моне, е позната и како - „Моне сликарството во лебдечкото ателје“, иронично алудирајќи на важноста што импресионистите ја припишувале на воздухот: практика што вклучува создавање слики на отворено, во контакт со природата, а не во затворените ателјеа, удобни, но анонимни.

Со ова дело, Мане исто така слика на отворено, не сакајќи да го изложува својот пријател на долги и заморни сесии. Специфичноста на оваа слика е во брзите потезите со четката, при што ги занемарува деталите, за да го пренесат севкупниот впечаток.

Во оваа смисла, оваа слика е најблиска до импресионистичкиоте принципи, вклучително и на нејзината хроматска текстура како играта на сините нијанси.

Особено за потенцирање е прикажувањето на раздвиженоста на водата и безбојните светлосни рефлексии во неа, детаљ што ја приближува до најистакнатите дела на Моне. Всушност, Мане ја распарчува светлината во мали дамки од жолта, зелена, розова, па дури и црна боја: овој хроматски избор, со оглед на омразата што импресионистите ја имаа кон црната боја, која се сметала за забранета, сепак ја открива суштинска автономија на уметничка концепција во однос на влијанието на младите колеги[2].

Во време на импресионизмот и постимпресионизмот има повеќе уметнички дела во кои еден автор го слика другиот колега во својата работа, со што, запоставените и потценети во тоа време, сликари на едно значајно стилско движење ја нагласуваат и мултиплицираат идејата за импресионизмот]] во апсолутна смисла, така познати се портретите што ги изработил Пол Гоген на Винсент ван Гог и Винсент ван Гог на Пол Гоген[3].

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Marcello Venturi: De mooiste meesterwerken van Manet. Het Laatste Nieuws, 2005.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Monet Painting in his Studio Boat, 1874 by Edouard Manet“. Архивирано од изворникот на 2020-05-07. Посетено на 2020-12-10.
  2. „Manet's younger Impressionist“. Архивирано од изворникот на 2020-08-14. Посетено на 2020-12-10.
  3. Claude Monet painting in his studio

Надворешни врски[уреди | уреди извор]