Фирстенберг-Бар

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фирстенберг-Бар (германски: Fürstenberg-Baar) — средновековна грофовија во денешната сојузна покраина Баден-Виртемберг, Германија, сместена во областа Бар. Била создадена со поделба на Фирстенберг-Фирстенберг во 1441 година. Ја наследила Грофовијата Фирстенберг-Гајзинген во 1483 година и Фирстенберг-Волфах во 1490 година. Била поделена помеѓу Фирстенберг-Бломберг и Фирстенберг-Хајлигенберг во 1559 година.

Грофови на Фирстенберг-Бар (1441-1559)[уреди | уреди извор]

  • Конрад V (1441-1484)
  • Хајнрих IX (1484-1499)
  • Волфганг (1499-1509)
  • Фридрих III (1509-1559)