Фарго

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Фарго (Fargo)“
Fargo.jpg
Постер
Режирано од Џоел Коен
Итан Коен
(неспомнат)
Продуцент Итан Коен
Џоел Коен(неспомнат)
Сценарист Џоел Коен
Итан Коен
Настапуваат Френсис Мек-Дорманд
Вилијам Х. Мејси
Стив Бушеми
Харв Преснел
Питер Стормар
Музика Картер Бурвел
Кинематографија Роџер Дикинс
Премиера март 8 1996 (1996-03-08)
Времетраење 98 минути
Јазик англиски
Буџет 7 милиони долари
Бруто заработка 60.611.975 долари

Фарго“ (англиски: Fargo) е американски филм (мрачна комедија) од 1996 година, во режија и по сценарио на Џоел и Итан Коен. Главните улоги во филмот ги играат: Френсис Мек-Дорманд (како бремена полицајка која истражува серија убиства), Вилијам Мејси (како продавач на коли), Стив Бушеми и Питер Стормар (како криминалци), и Харв Преснел (како свекор на продавачот).

Филмот бил номиниран за седум награди "Оскар", од кои освоил два: за најдобро сценарио и за најдобра главна женска улога.[1] Исто така, филмот освоил и една награда на БАФТА, како и награда за најдобра режија на Канскиот филмски фестивал во 1996.[2]

Содржина[уреди]

Продавачот на автомобили од Минесота, Џери Ландергард, е заглавен во долгови. За да собере пари за исплата на долговите, тој договара киднапирање на својата жена и од нејзиниот татко бара голема сума пари, со цел да им го плати откупот на грабнувачите. Меѓутоа, работите не одат во согласност со неговата замисла...[3] [4]

Наводи[уреди]

  1. „Oscars.org“. Awardsdatabase.oscars.org. 29 јануари 2010. http://awardsdatabase.oscars.org/ampas_awards/DisplayMain.jsp?curTime=1232207703515. конс. 28 февруари 2010. 
  2. „Festival de Cannes: Fargo“. „festival-cannes.com“. http://www.festival-cannes.com/en/archives/ficheFilm/id/4685/year/1996.html. конс. 16 септември 2009. 
  3. Антена, број 839, 25.7.2014, стр. 18.
  4. Антена, број 852, 24.10.2014, стр. 27.

Надворешни врски[уреди]