Фантомот на слободата

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фантомот на слободата (француски: Le Fantôme de la liberté) - француско-италијански филм од 1974 година, во режија на Луис Буњел, кој е коававтор и на сценариото, заедно со Жан-Клод Кариер. Главните улоги ги играат: Жилијан Берто, Адријана Асти, Адолфо Чели, Пјер Лари, Мишел Пиколи, Моника Вити, Милена Вукотиќ, Жан Рошефор, Ги Монтањ, итн.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Филмот се состои од повеќе сцени кои не се воопшто поврзани меѓу себе или пак меѓу нив има слаба врска: Така филмот започнува со сцената на стрелањето на група луѓе во еден шпански град, окупиран од француската војска за време на Наполеоновите војни. Потоа, дејствието се префрла во сегашноста - група деца си играат, а непознат човек им дава фотографии; дома, родителите ги откриваат „срамните“ фотографии и поради тоа ја отпуштаат негувателката, но кога тие ги разгледуваат фотографиите, се покажува дека на нив се прикажани дела од стари, историски згради. Ноќта, таткото на децата е сведок на необични сцени и утредента оди на лекар, но лекарот не му верува. Медицинската сестра (ја игра Вукотиќ) го замолува лекарот за отсуство за да го посети болниот татко. Поради невреме, таа преспива во еден мотел, каде гостуваат необични гости - група калуѓери, мало момче кое има љубовна врска со стара жена и садомазохистички брачен пар. Утредента, медицинската сестра го превезува еден професор во градот, каде тој безуспешно се обидуав да им држи предавања на полицајците, но тие постојано го прекинуваат. Двајца полицајци запираат возач (го игра Рошефор) поради брзо возење. Тој го посетува својот доктор, кој му соопштува дека е болен од карцином. Потоа, тој и сопругата добиваат телефонски повик дека исчезнала нивната ќерка, но кога одат во училиштето, таа е присутна, иако никој не ѝ обрнува внимание. Родителите го пријавуваат исчезнувањето на девојчето во полицијата, иако и таа е присутна. Во меѓувреме, од врвот од една висока града, снајперист (го игра Лари) пука по минувачите, по што е уапсен и осуден, но веднаш е ослободен. Подоцна, шефот на полицијата (го игра Берто) ги известува дека девојчето е пронајдено. Кога, полицискиот шеф оди во еден бар, тој здогледува жена која го потсетува на неговата мртва сестра. Тогаш, тој добива телефонски повик од мртвата сестра (ја игра Асти) и оди да ја посети во семејната гробница, но е уапсен. Него го носат во канцеларијата каде веќе има друг шеф на полицијата (го игра Пиколи). Тие разговараат како да се справат со граѓанските немири, а потоа одат во зоолошката градина. Филмот завршува со звуци на бунтовни граѓани и пукање.

Наводи[уреди | уреди извор]