Ушанка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ушанката дозволува непречено топлење на главата за време на студените зими.

Ушанка е вид на зимска капа со наушници, изработена од кожа. Најчесто, ушанката се прави од кожа на овца, зајак, лисица и др. Името ушанката го добила по изгледот - од двете страни на оваа шапка се наоѓаат наушниците. Наушниците имаат можност во студените денови да се спуштат надолу со тоа што овозможуваат дополнително покривање на лицето и иѕбегнување на студот.

Ушанката е типична руска капа, која е распостранета низ цела Русија. Од 1940-та година, ушанката е веќе дел од униформата на армијата и полицијата на СССР. Различни видови на ушанка можат да се забележат и во некои други држави, како на пример на поранешните советски републики, во Кина, Монголија и Северна Кореја. Се претпоставува дека ушанката потекнува од монголски капи користени околу 13-тиот век кои се брѕо се распротранувале со зголемувањето на тогашната Монголска држава. Во САД, ушанката најчесто се забележува во текот на зимата во Чикаго, Илиноис.

Поврзано[уреди]