Уметност во нови медиуми

Од Википедија — слободната енциклопедија

Уметност во нови медиуми е жанр што опфаќа уметнички дела создадени со користење на технологии на нови медиуми, вклучително дигитална уметност, компјутерска графика, компјутерска анимација, виртуелна уметност, интернет уметност, интерактивни уметнички технологии, компјутерска роботика и биотехнологија како уметност. Ваквата фокусираност врз медиумот е клучна одлика на голем дел од современата уметност. Уметноста во нови медиуми често вклучува интеракција меѓу уметникот и набљудувачот.

Концептите на уметноста во нови медиуми често произлегуваат од областите на телекомуникациите, масовните медиуми и дигиталните начини на изведба и пренос, со разновидни уметнички практики кои се движат од концептуални и виртуелна уметност па сè до перформанс и инсталација.