Тунгуска експлозија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Тунгуски настан)
Тунгуска експлозија во рамките на Русија
Тунгуска експлозија
Место на експлозијата во рамките на Русија
Срушени дрва сликани од експидицијата на Кулик во 1927 г.

Тунгуската експлозија — непогода што се случила на 30 јуни 1908 година при што биле уништени околу 2.000 км² шума што се протегала по течението на реката Поткамена Тунгуска во Краснојарскиот крај, северозападно од Бајкалско Езеро.

Според тврдењето на научниците, настанот се случил во вселената по големата експлозија на комета или астероид со моќност на 1.000 атомски бомби што се фрлени врз јапонскиот град Хирошима во 1945 година. Интересно е што до денес не се откриени траги што би биле карактеристични за таков удар.

Се претпоставува дека астероидот експлодирал во атмосферата на висина од 5 до 10 километри над Земјата. Во таа експлозија со сила од 20 милиони тони ТНТ, чиј сјај бил забележан дури во Лондон, се создале помали парчиња на камења кои паднале на површината на нашата планета. Сепак, не бил пронајден кратер ниту, пак, други физички промени на тлото од ударот, поради што се заклучува дека експлозијата на небесното тело се случила над Земјата. Некои научници сметаат дека дошло до судир меѓу антиматерија и материја, од што настанала експлозија и исчезнала. Има и научници што сметаат дека на тоа место удрил голем неидентификуван летачки објект.

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Чеко — езеро што се смета за кратер на експлозијата

Извор[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]