Тројца лоши луѓе

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Тројца лоши луѓе“ (англиски: 3 Bad Men) — филм на режисерот Џон Форд (John Ford) од 1926 година. Главните улоги ги играат: Џорџ О’Брајан (George O'Brian), Олив Борден (Olive Borden), Лу Телеген (Lou Tellegen) и Том Санчи (Tom Santchi). Ова е последниот вестерн на Форд до појавата на филмот „Поштенската кочија“ од 1939 година. Во ова остварување се присутни сите својства на подоцнежните класици на Форд – привлечната нарација, добрата психологија на ликовите и чувството за ритам. Веројатно, овој филм претставувал инспирација за филмот „Тројца лоши луѓе во скриената тврдина“ на Акира Куросава од 1958 година.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Откритието на злато во Дакота, на земјата на Сијуксите во 1877 година предизвикува златна треска. Оттука, многу луѓе доаѓаат во Кастер во потрага по подобар живот, а меѓу нив се и одметниците Бул и Мајк за кои е распишана потерница. Патем, тие ја спасуваат девојката Ли која ја нападнале разбојници, претходно убивајќи го татко ѝ. Мајк и Бул стануваат нејзини заштитници, а наскоро целосно го напуштаат својот поранешен начин на живот и се посветуваат на девојката...

Наводи[уреди | уреди извор]