Тркалачи

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тркалачи (науч. Scarabaeidae) — семејство на инсекти од редот на тврдокрилците (Coleoptera). Познати се над 28.000 видови, од кои повеќето се хранат со растенија. Додека повеќето видови од потсемејството на вистинските тркалачи, која вклучуваат повеќе од 5000 видови, се хранат со лепешки. Најголем број на видови од ова семејство се присутни во тропските предели.

Во Македонија се забележани 137 видови на тркалачи.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Тркалачите се инсекти кои достигнуваат од 1,5 до 160 мм, во зависност од видот. Застапени се во најразлични бои, од црно до металик зелено-сина или бакарна. Женките прават топки од сточни лепешки, ги тралаат на соодветно место, па ги закопуваат. Тие имаат карактеристични антени во форма на палки, кои можат да се скупчат или да се испружат за да го осетат мирисот. Предните нозе на многу видови се широки и прилагодени на копање. Мажјаците од некои видови (како и некои женки) имаат рогови на главата или на штитот на вратот (pronotum), кои ги користат за борба за женките или за храна.[2]

Митологија[уреди | уреди извор]

Старите Египќани за тркалачот (латински: Scarabaeus sacer) верувале дека е свет. Во староегипетската религија, кога тркалачот тркалал топка песок, тоа претставува метафора за сончевото патување низ небото. Египетските амајлии кои го претставувале светиот скарабеј била продавана низ целото Средоземје.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Тркалачи“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1512. Text "series " ignored (help)
  2. 2,0 2,1 bugguide.net Family Scarabaeidae - Scarab Beetles

Надворешни врски[уреди | уреди извор]