Тоса (куче)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тоса Ину
Главата на Тоса Ину
Тоса Ину во мал простор на тераса
Шампион на СЦГ: Boss (2005)

Тоса, исто така познат како Тоса Ину или јапонски борец (јапонски: 土 佐 闘 犬) е раса на кучиња со потекло од Јапонија. Според класификацијата на FCI се категоризира како Втора група на FCI, меѓу молоси.[1]

Изглед[уреди]

Јапонскиот борец „тоса“ е голема и моќна раса. Тој мора да ја задржи агилноста и покрај неговата тежина. Тоса Ину има голема глава која делумно е во форма на клин. Исто така карактеристични се и борите на челото, спуштените уши, кои висат близу до образите. Неговото тело е долго и доста развиено. Крзното му е силно и тешко. Опашката е долга и дебела, а влакната се кратки.[2] Тежината на машки кучиња се движи од 38 до 90 килограми. Женките се значително полесни и ретки се случаите масата да надмине 75 кг. Kaко и тежината, така и висината на овие кучиња во пракса многу варира. Висината за машки кучиња е во просек 70 - 75 цм. Меѓутоа, горната граница на висината не е строго определена. Бојата на крзното може да биде жолта, црвена, кајсија, кафеава, а поретко е црна или тигреста.[3]

Карактер[уреди]

Јапонскиот борец тоса е една од најхрабрите раси на кучиња. Тој има одлична издржливост на физички напор и болка. Поседува независна автономна личност. Сопственикот на тосата мора да биде строг, а за луѓето кои се плашат, оваа раса не е препорачлива. Може да се дресира, но само ако сопственикот има решителност и не е флексибилен. Кога е социјализиран може да биде во придружба и со други кучиња и животни. Иако е голем, тосата може да живее во куќа или стан, но тој треба секојдневно да има активни вежби. И покрај својата тежина, со соодветна обука, може да постигне голема брзина и агилност.[4] Исклучителната издржливост на тосата[5], кога е комбинирана со добра дресура, може да создаде куче за заштита на луѓето и објектите.[6][7][8]

Здравје[уреди]

Јапонските кучиња борци живеат во просек од 10-12 години. Тоса е генерално витален пес. Кај него, сепак, повремено се манифестираат проблеми со очите, надуеност и болки во зглобовите.[9]

Грижа[уреди]

Бидејќи има кратко влакно не е потребна поголема нега на крзното. Влакното му се менува неколку пати во годината. Крзно е силно и речиси бесчувствително на надворешни повреди.[10] Кога има услови, треба да му се обезбеди семејна љубов, но тосата е прилагодлива и на условите без човечко присуство, особено ако неговата цел е да врши службени функции.

Историја[уреди]

Расата тоса била развиена во 19. век со вкрстување на јапонското куче од Шикоку и кучиња од Европа. Меѓу другото, се користеле булдози, мастифи, поентери, доги и бул териери. Покрај тоа, во создавањето на оваа раса биле користени и бернардинци и други европски борбени кучиња. Јапонскиот борец е, како што сугерира и името, создаден исклучиво за борба со кучиња. Поради неговата храброст и сила, таа раса се употребува во борби и денес, посебно во некои земји од Азија, Европа и Јужна Америка. Во земјите каде таквите борби се легални, оваа раса е многу популарна.[11][12] И покрај нивната храброст и потенцијал да станат агресивни кон другите животни, оваа раса има племенит, сталожен карактер и развива особен емотивен однос кон својот сопственик, како и кон членовите на семејството.[13]

Наводи[уреди]

  1. Druga FCI grupa
  2. Основните информации, Gretabreeds.com.
  3. [1][2]
  4. http://www.shaku1.com/fightingassoc.htm
  5. http://dogs.bsl-sbt.com/dogs/tosainu.php
  6. Некои земји имаат спроведено сериозни истражувања за користење на Тосата во војска и за службени цели.
  7. http://www.homesecurityguru.com/recommended-watchdog-breeds
  8. http://guarddogs.bulldoginformation.com/
  9. http://www.yourpurebredpuppy.com/health/tosainu.html
  10. http://www.gentlegiantsrescue-tosa-inu-mastiffs.com/caring-and-feeding-tosa-inu-japanese-mastiffs.htm
  11. http://www.youtube.com/watch?v=DULCRbmScJo
  12. [3]
  13. Инаку, Тоса е раса што поседува висока емоционална интелигенција.

Надворешни врски[уреди]