Тома Славјанинот

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тома Славјанинот
ca. 760 – 823 AD
Thomas the Slav negotiates with the Arabs.jpg
Miniature from the Madrid Skylitzes version of the chronicle of John Skylitzes depicting Thomas, on horseback and dressed as a Byzantine emperor, negotiating with the Arabs. The rebellion of Thomas is one of the most richly illustrated episodes in the chronicle.[1][2]
Роден во Gaziura
Починал во Arcadiopolis
Преданост Byzantine army
Години на служење ca. 803–820
Ранг tourmarches

Тома Славјанинот е византиски војсководец од словенско потекло. Роден е во Мала Азија, во тогашната тема Арменијакон. Бил близок пријател со византискиот император Лео V. Штом разбрал дека Михаил II го убил Лео V и си го обезбедил престолот, Тома одлучил да крене бунт. Бунтот започнал во Мала Азија, а подоцна се проширил и на целата територија на Византиското Царство. Историчарите сметаат дека подршката што ја добил, била резултат на лошата социјална и економска состојба во државата. Тома се прогласил себеси за заштитник на сиромашните и затоа имал голем број приврзаници. Исто така, на негова страна се приклучиле скоро сите Словени од Мала Азија, како и Ерменците, Персијанците, Грузијците,Арапите и други народи кои биле во составот на Византија. Востанието имал и верски аспект, бидејќи востаниците биле противници на владејачките иконоборци. Со помош на Багдадскиот Калифат, Тома ја освоил власта речиси на цела територија на Мала Азија. Борбите се префрлиле и на европското подрачје на царството, па Тома во декември 821 година го опсадил Константинопол, опсада која траела скоро цела година. Меѓутоа, неорганизираните востаници кои ги предводел Тома не успеале да ги пробијат градските ѕидини, и опсадата била прекината во пролетта 823 година, што се должи на несогласувањата во редовите на востаниците, но и на воената интервенција на бугарскиот хан Омуртаг. Тома после тоа, се повлекол во Аркадиопол, со многу помал број бунтовници. Од таму пружал отпор уште неколку месеци, за на крајот, да биде фатен и после свирепото мачење да биде убиен во октомври истата година.

Наводи[уреди]