Томас Совунми

Од Википедија — слободната енциклопедија

Томас Совунми (роден на 25 јули 1978 година во Лагос , Нигерија ) — унгарски меѓународен фудбалер .

Животопис[уреди | уреди извор]

Совунми е роден во Нигерија, неговата мајка е унгарка ,а татко му бил Нигериец и ги поминал првите девет години од својот живот во африканската држава.[1] Почнал да игра фудбал на возраст од 13 години и започнал професионална фудбалска кариера со Дунафер .

Совунми заминал за Вашаш Будимпешта во 1998 година, но се вратил во својот прв клуб во 2001 година. Тој го направил своето прво појавување за Унгарија во август 1999 година, во 1 – 1 нерешено против Молдавија. Совунми бил првата црномуреста личност која играла за Унгарија во фудбалот.[2] Тој преминал кратко време во Франција со AC Ајачо, но се врати во Унгарија со Ференцварош во 2003 година. Тој потпишал со ФК Словацко во 2005 година. На крајот тој бил ослободен од својата приврзаност кон чешката екипа по интервенцијата на полицијата и ФИФА .

Совунми потпишал за шкотскиот клуб Хибернијан на 6 февруари 2007, откако го импресионирал менаџерот Џон Колинс. Совунми бил ослободен од Хиберијан во јуни, а Совунми повторно потпиша за Вашаш Будимпешта во септември 2007 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Sowunmi: Panther tried to pounce for me“. Edinburgh Evening News. Johnston Publishing. Посетено на 2007-04-12.
  2. Toma, Razvan (6 May 2011). „Colourful Pioneers“. www.rsssf.com. Посетено на 24 December 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]