Тодор Кировски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тодор Ѓорѓиев Кировски ( 1919 во Горно Коњари, Скопско1945 во Банова Јаруга, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, па се занимавал со земјоделство. На 20 октомври 1944 година учествувал во операциите за уништување на балистичките банди. Исто така, бил учесник во ослободувањето на Скопје и Велес. По ослободувањето на Македонија и по успешното уништување на заостанатите балистички банди, со Бригадата заминал за Срем. Во Земун бил обучен да ракува со новоприменото оружје. Потем учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Но, дваесетина денови подоцна, поточно во борбите за ослободување на Банова Japyгa, храбро загинал. Бил закопан на позицијата каде што загинал. По ослободувањето, неговите посмртни останки биле пренесени во Горно Коњари.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 75. На |first= му недостасува |last= (help)