Тертер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тертер
Тертеровци
Претходна династијаТертероба
ПрпадностCuman-Bulgarian
Основана1280
ОсновачАлдимир
Тековен владетелExtinct
Титуликнез, цар
Распад1323

Династијата Тертер (бугарски: Тертер) — бугарска благородничка и владетелска династија со куманско потекло,[1] која води потекло од куманската династија Тертероба, кои владееле со Второто Бугарско Царство помеѓу 1280 и 1292, како и помеѓу 1300 и 1323.

Историја[уреди | уреди извор]

Најстариот претставник на оваа династија во Бугарија е деспотот Алдимир (Елтимир) и неговиот постар брат Георги Тертер кој станал цар на Бугарија (1280-1292). За време на неговото владеење, Бугарија била под де факто контрола на Златната Орда, по желба на Ногај Кан бил избран следниот владетел на Бугарија, Смилец (1292-1298), кој потекнувал од друга благородна фамилија, и бил наследен од неговиот син Иван II (1298-1299). Во 1299–1300, Бугарија била контролирана од Mонголот Чака. Чака бил симнат од тронот од страна на синот на Георги Тертер, Теодор Светослав (1300-1321), при што започнал вториот период на владеење на династијата Тертер, кој продолжил и со владеењето на неговиот син, Георги II.

Потоа со Бугарија владеела династијата Шишман од Видин, која исто така имала делумно куманско потекло.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. István Vásáry (2005) Cumans and Tatars, Cambridge University Press, p. 2
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име vasary.