Твин Пикс: Огну, оди со мене

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Твин Пикс: Огну оди со мене“
200п
Theatrical release poster
Режирано од David Lynch
Продуцент Francis Bouygues
Gregg Fienberg
Настапуваат Sheryl Lee
Moira Kelly
David Bowie
Chris Isaak
Harry Dean Stanton
Ray Wise
Kyle MacLachlan
Музика Angelo Badalamenti
Кинематографија Ron Garcia
Монтажа Mary Sweeney
Студио CIBY Pictures
Дистрибутер New Line Cinema
Премиера May 1992
Времетраење 135 minutes
Држава United States
France
Јазик English
Буџет $10,000,000
Бруто заработка $4,781,186 (USA)

Твин Пикс: Огну оди со мене е американски психолошки филм од 2002 година, во режија на Дејвид Линч, и сценарио на Дејвид Линч и Роберт Енгелс. На филмот може да се гледа и како на пролог и како на епилог на телевизиската серија Твин Пикс (1990-91) создадена од Дејвид Линч и Марк Фрост.

Во филмот се работи за истрагата на убиството на Тереза Бенкс (Памела Гидли) и последните седум дена од животот популарната средношколка во фиктивното гратче Твин Пикс, Лора Палмер (Шерил Ли). Филмот исто така ја споменува и донекаде разјаснува судбината на агентот Дејл Купер (Кајл Меклаклан) од последната епизода на серијата. Поради тоа, на филмот повеќе се гледа како на ретропродолжение, но сепак во него се присутни елементи што се типични за продолжение.

Повеќето од глумците се вратија за снимањето на филмот, со исклучок на Лара Флин Бојл која одби да го игра ликот на Дона Хејворд, најдобрата другарка на Лора поради проблеми со распоредот и беше заменета со Мојра Кели. Поради истите причини во филмот не се појавува и Шерилин Фен. Кајл Меклаклан кој во серијата го игра ФБИ агентот Дејл Купер се колеба да се врати поради тоа што мисли дека гледачите ќе се навикнат да го гледаат во вакви улоги, па затоа неговото појавување во филмот е помало од планираното.

Филмот наидува на негативни реакции на Канскиот филмски фестивал во 2002 година, како и негативни критики во САД. Исто така поминува слабо на кино благајните во САД делумно поради тоа што е објавен речиси една година по прикажувањето на серијата која пак беше прекината поради намален рејтинг во втората сезона. Сепак, филмот станува комерцијален хит во Јапонија.

Синопсис[уреди]

Гордон Кол (Дејвид Линч) го повикува агентот Честер Дезмонд (Крис Исак) во врска со мистериозното убиство на Тереза Бенкс во градот Дир Мидоу. Кол го запознава Честер со неговиот нов партнер Сем Стенли (Кифер Сатерленд) и тие двајца добиваат насоки од танчеркта Лил. Честер му ги објаснува на Сем повеќето од трагите кои им ги дава Лил, но не му го објаснува значењето на сината роза. По проблемите на кои наидуваат со локалната управа на шерифот, Дезмонд и Стенли успеваат да го видат телото на Тереза во мртовечницата. По испитувањето на телото увидуваат дека недостасува нејзиниот прстен и ја пронаоѓаат буквата „Т“ поставена под еден од нејзините нокти. За минатото на жртвата Дезмонд и Стенли дознаваат од жителите во градот. По завршувањето на својата улога во истрагата Стенли го напушта Дир Мидоу, а Дезмонд останува. Откако го наоѓа прстенот на Тереза во близина на нејзиниот дом и го зема, Дезмонд исчезнува без траг.

Ден подоцна во седиштето на ФБИ во Филаделфија повторно се појавува одамна изгубениот агент Филип Џефрис (Дејвид Боуви). Пред да му раскаже на Кол за состанокот на кој бил сведок во неговиот сон, Филип го проверува идентитетот на Дејл Купер. Филип објаснува дека во сонот ги видел Човекот од друго место, БОБ, Г-ѓа Шалфон и нејзиниот внук. Потоа почнува да вреска и исчезнува. Дезмонд е прогласен за исчезнат и агентот Дејл Купер (Кајл Меклаклан) оди во Дир Мидоу за да го истражи неговото исчезнување. На шофершајбната од колата на Дезмонд Купер ги здогледува зборовите „Let's Rock“. Трагите за убиството на Тереза Бенкс водат во ќорсокак. Купер е сигурен дека убиецот ќе убие повторно.

Една година подоцна, Лора Палмер (Шерил Ли) и Дона Хејворд (Мојра Кели) се враќаат во училиште. Лора користи кокаин и тајно се среќава со Џејмс Харли (Џејмс Маршал). По часовите во училиште, Лора зборува со Дона за разликите меѓу Харли и нејзиното момче Боби Бригс (Дејна Ешбрук).

Подоцна, во истиот тој ден Лора сфаќа дека недостасуваат страници од нејзиниот таен дневник и ова му го раскажува на нејзиниот агорафобичен пријател Херолд Смит (Лени вон Долен). Таа тврди дека БОБ ги зел страниците од дневникот. Херолд ѝ вели дека БОБ не постои, но Лора инсистира на тоа дека тој постои. Вели дека тој ѝ рекол дека ќе ја убие ако таа не му дозволи да ја опседне. Кога Херолд пробува да каже нешто, бојата на лицето на Лора одеднаш се менува и таа ги изговара зборовите: „Огну оди со мене“. Откако малку си доаѓа на себеси му го дава тајниот дневник на Херолд за да го чува. Пред да замине, му вели на Херолд дека не знае кога, ни дали воопшто ќе се врати.

Во меѓувреме, Купер му кажува на колегата Алберт Розенфелд (Мигел Ферер) дека е уверен дека убиецот ќе убие повторно и дури ја опишува неговата наредна жртва. Додека разнесува јадење, Лора ги среќава г-ѓа Шалфон (Френсис Беј) и нејзиниот внук. Шалфон ѝ дава слика на Лора, а внукот ѝ кажува дека човекот кој си го крие лицето под маска е во нејзината соба. Лора оди дома и го здогледува БОБ. Откако Лора исплашена истрчува од куќата, го здогледува татко ѝ, Лиланд Палмер (Реј Вајс) кој исто така излегува од куќата и сфаќа дека тој би можел да биде БОБ.

Истата вечер кога семејството Палмер седнува да вечера, Лиланд почнува да ја распрашува Лора за нејзините љубовници откако го здогледува нејзинато ланче. Гледајќи во еден од нејзините прсти, вели дека има нешто валкано под нејзиниот нокт. Подоцна го гледаме Лиланд како седи на работ од креветот и одненадеж почнува да плаче. Оди во собата на ќерка си и ѝ кажува дека ја сака. Откако тој си заминува, Лора гледа во сликата од ангел на нејзиниот ѕид и прашува дали Лиланд е навистина БОБ.

Лора се сеќава на сликата што ја добива од г-ѓа Шалфон и излегува надвор за да ја земе од тревникот. Ја закачува сликата на ѕидот во нејзината соба, си легнува и заспива. Сонува како влегува во Црната ложа, а го сонува и прстенот. Одненадеж Купер влегува во собата и го гледаме Човекот од друго место, кој му кажува на Купер дека тој е „раката“ и испушта индијански звук. Човекот од друго место ѝ го нуди прстенот на Лора, но Купер ѝ вели да не го зема. Лора ја здогледува Ени Блекбурн (Хедер Грахам) која лежи покрај неа во креветот, облиена во крв. Ени ѝ кажува на Лора дека „добриот Дејл“ (Купер) е заробен во Црната ложа и не може да замине од таму. Лора го гледа прстенот во нејзината рака и се преплашува. Откако го слуша придушениот крик на мајка си, Лора оди до вратата од спалната соба. Наеднаш се наоѓа во сликата. Кога се свртува се гледа себеси како мирно спие во креветот.

Лора се буди наредното утро и забележува дека го нема прстенот. Вознемирена, ја симнува сликата од ѕидот. Во меѓувреме, Боби, Лио и Жак Рено разговараат за дрогата. Боби прво му се јавува на Лио и го замолува да набави повеќе дрога, но Лио му ја спушта слушалката. Боби потоа се јавува на Жак Рено, кој се согласува да му набави дрога и договара средба.

Таа вечер Лора е спремна да оди во барот. Дона сака да ја придружува, но Лора ѝ вели дека не е поканета. Лора се среќава со Жената со трупецот пред да влезе во барот. Внатре, Жак ја запознава Лора со двајца мажи. Групата е спремна да замине во Розевата соба за да има секс, но Дона се појавува и изразува желба да им се придружи. Откако бакнува еден од мажите, сите заедно се упатуваат кон собата.

Во Розевата соба, Лора разговара со Ронет Пуласки (Фиби Огустин) во врска со убиството на Тереза Бенкс, велејќи дека девојката сакала да се збогати со тоа што уценувала некој. Подоцна се впушта во орален секс со мажите. Лора е избезумена, не поради тоа што ја гледа Дона полугола, туку поради јакната којашто ја носи. Јакната и припаѓа на Лора. Жак Рено ја изнесува Дона надвор, а Лора ја носи дома. Наредното утро Лора ѝ вели на Дона дека не сака таа да стане како неа.

Лиланд пристигнува кај Дона, ги гледа Лора и Дона на креветот и си споменува како ги видел Лора и Ронет како се смејат на креветот. Лиланд ја носи Лора на појадок и притоа го сретнува Мајк, човекот со една рака кој му вика додека Лиланд чека на семафорот. Мајк го обвинува Лиланд дека овој ја украл пченката. Потоа ѝ го покажува прстенот на Лора, сакајќи да ѝ каже дека татко ѝ е БОБ, но Лора и Лиланд почнуваат да врескаат и таа не може да го слушне Мајк.

Лиланд запира на бензинска пумпа и пробува да се смири. Се присетува на неговата афера со Тереза. Лиланд договара секс во четворка со Тереза и нејзините пријателки, но откако открива дека Лора е дел од договорот, преплашен го напушта местото. По оваа случка Тереза сфаќа дека Џон, човекот со кој има афера, е всушност Лиланд и почнува да го уценува.

Лора забележува промена во расположението на татка си и пробува да дознае дали бил во куќата кога таа забележала дека БОБ го бара дневникот. Подоцна Лора сфаќа дека прстенот што го виде и тој што го сонуваше е ист. Лиланд се сеќава дека ја убил Тереза.

Наредната ноќ Лора и Боби земаат кокаин во шумата, а Жак го праќа однапред договорениот човек (кој всушност е заменик на шерифот) кој треба да ја испорача огромната количина кокаин. Заменикот вади пиштол за да го убие Боби, но Боби го застрелува прв, а потоа се обидува да го закопа. Лора е веќе издрогирана и почнува да се смее.

Џејмс е загрижен за Лора. Лиланд ѝ дава Валиум на Сара Палмер за да ја успие. Откако таа заспива, Лиланд оди во ходникот и го вклучува вентилаторот. БОБ влегува низ прозорецор на Лора и почнува ја силува. Лора сфаќа дека БОБ го опседнал татко ѝ.