Сузана Милевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сузана Милевска
Родена 29 јуни 1961
Битола, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонка
Занимање теоретичарка и кураторка на визуелна уметност и култура
Сопружник Сашо Станојковиќ

Сузана Милевска (29 јули 1961 во Битола) — македонска теоретичарка и кураторка на визуелна уметност и култура.

Животопис[уреди | уреди извор]

Сузана Милевска е теоретичарка и кураторка на визуелна уметност и култура од Македонија. Нејзините теоретски и кураторски интереси ги покриваат постколонијалната критика на хегемонистичките режими на моќта на претставување, феминистичката уметност и родовата теорија, партиципативните и колаборативни уметнички практики. Докторските студии по визуелна култура ги завршува на колеџот Голдсмитс во Лондон. Во 2004 година, Милевска станува Виша Фулбрајт стипендистка и истражувачка во Конгресната библиотека. Во 2010 година Милевска ја издава книгата „Родови разлики на Балканот“ и ја уредува The Renaming Machine: The Book. Во 2011 година станува истражувачка во проектот Call the Witness – Roma Pavilion на 54 Меѓународна уметничка изложба - Венециското Биенале - колатерален настан и ги курира изложбите „Call the Witness“, „БАК“, „Утрехт“ и Ромскиот протокoл во австрискиот Парламент. Во 2012 година Милевска ја добива Наградата „Алис“ за политичко кураторство и Наградата за култура и теорија „Игор Забел“. Од 2010-2012 година е професорка по историја на уметност и теорија на уметности на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, додека во 2013 година предава визуелна култура и род на Институтот за родови студии во Скопје. Од 2013-2015 е професорка по Средноевропска и јужноевропска историја на уметност на Академијата за ликовни уметности во Виена. Од 2016 година таа е главна истражувачка во Horizon 2020, на проектот TRACES, Politecnico di Milano.