Старо и ново (филм од 1929)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Старо и ново“ (руски: Старое и новое), познат и како Генерална линија - советски филм од 1929 година, во режија на Сергеј Ејзенштајн и Григориј Александров. Главните улоги ги играат: Марфа Лапкина, Константин Василев и Василиј Бузенков. Премиерата на филмот била одржана во екот на колективизацијата во СССР, во рамките на првиот петгодишен план. Во светот, филмот бил дочекан на различни начини: во Франција бил забранет поради револуционерната пропаганда, додека во САД бил награден како као најдобар странски филм.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот е сместено во едно руско село кое се одликува со сиромаштија и заостанатост, но со колективизацијата и технолошката модернизација доживуваа препород. Овие настани се прикажани од перспективата на селанката Марфа која се обидува во своето село да ги воведе колхозите, без оглед на отпорот од реакционарните богати кулаци.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]