Стап (филм од 2019)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стап (руски: Дылда) - руски филм од 2019 година, во режија на Кантемир Балагов, кој е автор и на сценариото, заедно со Александар Терехов. Главните улоги ги играат: Бет Дејвис, Викторија Мирошниченко, Василиса Перељгина, Андреј Биков, Ксенија Кутепова и Игор Широков. освоил вкупно 26 награди, меѓу кои две награди на Канскиот филмски фестивал.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива во Ленинград, една година по завршувањето на Втората светска војна. Ија (ја игра Мирошниченко) живее со малото дете Пашка, а работи како медицинска сестра во болницата во која се лечат ранетите војници. Таа страда од психички синдром поради што била отпуштена од фронтот. Еднаш, додека си игра со детето, таа го задушува и Пашка умира. По некое време, од фронтот се враќа Маша (ја игра Перељгина), која е мајката на Пашка за кое Ија кажува дека умрел во сонот. Маша и Ија излегуваат надвор и се запознаваат со две млади момчиња при што Маша води љубов со Саша (го игра Широков). По тој настан, Саша се вљубува во Маша и почесто ја посетува, наспроти противењето на Ија. Маша ја убедува Ија да роди бебе како замена за нејзиниот мртов син, но Ија не се согласува. Меѓутоа, Маша дознава дека Ија и главниот лекар во болницата, Николај Иванович (го игра Биков) им даваат смртоносни инјекции на војниците кои се тешко болни. Маша ја принудува Ија да напише изјава и со неа го уценува Николај, барајќи до него да ја оплоди Ија. Николај има сексуален однос со Ија, која набргу дознава дека не е бремена, но тоа го крие од Маша. Затоа, Ија го посетува Николај (кој во меѓувреме е суспендиран од работата), барајќи од него повторно да имаат полов однос, но тој одбива. Саша ја кани Маша во својот дом за да им соопшти на родителите дека ќе се ожени со неа, но тие не ја прифаќаат. На крајот од филмот, Ија ѝ кажува на Маша дека не е бремена, но таа не сака да ја прифати вистината.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]