Србин Паровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Србин Паровски
Роден 1921 година
Булачани, Скопје, Македонија
Починал 16 април, 1945 година
Будровци, Хрватска

Србин Јованчев Паровски ( 1921 Булачани, Скопско16 април 1945 во Будровци, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство и чување на добиток. На 7 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во сите борби против балистите и Германците на падините на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Скопје во состав на Бригадата ја продолжил борбата на Косово. Таму биле разоружани и дефинитивно уништени заостанатите балистички банди. По извршувањето на овие борбени задачи заминал за Срем, каде учествувал во завршните операции. На 16 април 1945 година во борбата кај Будровци во Хрватска, загинал. Неговите посмртни останки биле пренесени и погребани во неговото родно село Булачани.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 110–111. На |first= му недостасува |last= (help)