Спроти новите дни

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Спроти новите дни“ (руски: Накануне) — роман на рускиот писател Иван Тургенев од 1860 година. Првобитно, романот бил објавен во списанието „Современик“.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Осврт кон делото[уреди | уреди извор]

Во романот „Спроти новите дни“, Тургенев за првпат јасно го поставил прашањето за судирот меѓу генерациите во тогашното руско општество. По тој повод, во статијата “Кога ќе дојде вистинскиот ден?“, рускиот критичар Николај Доброљубов напишал: „Смело можеме да кажеме, кога г. Тургенев во својот роман ќе допре некое прашање, кога ќе прикаже некоја нова страна на општествените односи, тогаш тоа е доказ дека тоа прашање навистина се појавува или дека наскоро ќе се појави во свеста на образованото општество, дека таа нова страна почнува да се издвојува и дека наскоро остро и јасно ќе се појави пред очите на сите.“[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Душа Перовић, „И. С. Тургењев: Оцеви и деца“, во: И. С. Тургењев, Оцеви и деца. Београд: Просвета, 1961, стр. 246.
  2. Душа Перовић, „И. С. Тургењев: Оцеви и деца“, во: И. С. Тургењев, Оцеви и деца. Београд: Просвета, 1961, стр. 243.