Сошанска Река
Сошанска Река | |
---|---|
Местоположба | |
Држава | Македонија |
Општина | Дебрца |
Село | Сошани |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Илинска Планина |
Устие | |
• место | Сатеска |
Особености на сливот | |
Течение | Сатеска → Црн Дрим → Јадранско Море |
Сошанска Река — река која извира високо на планинскиот масив Илинска Планина. Поминува низ селото Сошани и на крајот се влева во реката Сатеска.
Поголеми извори што ја сочинуваат реката се: Шаго, Упешти и Бозон. Во минатото жителите на Сошани водата од реката ја користеле за водениците што се наоѓаат на нејзиното корито, кои ги имало во поголем број, за наводнување на полето и за напојување на добитокот.