Сонам Ѓацо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Неговата светост Сонам Ѓацо,
Третиот далај-ламата

Период1543 -1588
ПодрачјеСонам Ѓацо
ШколаГелуг
Сонам Ѓацо- бил првиот официјално препознатлив далај-лама

Сонам Ѓацо (1543-1588) бил првиот официјално препознатлив далај-лама, иако неговите претходници ја имале неговата титула.

Тој е роден во близина на Ласа во 1543 година и се смета дека е реинкарнација на Гендун Ѓацо.Тој учел во манастирот Дрепунг и станал аббот.Неговата репутација брзо се проширила,па така и монасите од манастирот Сера го признале за свој аббот.

Како што вели Сумпа Кенпо,голоемиот учител на учењето Гелуг и Сонам Ѓацо учел некои Њингма тантрички доктрини.

Кога еден од тибетските кралеви умрел во 1564 година,Сонам Ѓацо го организирал неговиот погреб.Неговата политичка моќ и онаа на учењето Гелуг станале доминантни во Тибет во седумдестите години на XVI век.

Потекло на титулата „далај-лама“[уреди | уреди извор]

Општо тврдење е дека името на титулата далај-лама го дал монголскиот владетел Алтан Кан во времето на Сонам Ѓацо во 1578 година.Но,ова не е точно.Монголскиот владетел Алтан Кан го повикал Сонам Ѓацо во Монголија.За време на патувањето Алтан Кан на Сонам Ѓацо му го дал името далај-лама. На тибетски ѓацо значи „океан“ што е исто што и далај на монголски.Алтан знаејќи дека во името на претходникот на Сонам Ѓацо Гендун Ѓацо го има зборот ѓацо како презимае направил грешка којашто е и потеклото на името далај-лама коешто е давано уште од реинкарнацијата на големиот лама.Оваа грешка ја има потврдено и четиринаесеттиот далај-лама Тенцин Ѓацо којшто вели:Не се согласувам дека Монголците го сметале за титула.Тоа е само превод.

Алтан Кан и промената на Монголија[уреди | уреди извор]

Сонам Ѓацо,свештеникот којшто го ширел будистичкото учење Гелуг (Жолтата капа) преку истоимените училишта бил одговорен да пронајде странски заштитници од странските Гелуг институции.Како заштитник тој го нашол Алтан Кан.

Алтан Кан го поканил Сонам Ѓацо во Монголија во 1569 година,но најверојатно Сонам го одбил и испратил ученик којшто му пренел дека во Монголија се бара ширењето на будистичкото учење.За таа цел во 1573 година Алтан Кан заробил неколку будистички монаси.Тој го поканил Сонам Ѓацо повторно во 1578 и го прифатил тибетскиот будизам.Тие се сретнале во Кингаи.Алтан Кан го изградил манастирот Тегчен Чонкор,а по оваа средба се започнале масовно да се преведуваат тибетски текстови на монголски.По педесетина години Монголците станале Будисти,со десетина илјади монаси коишто биле приврзаници на ушењето Гелуг и лојални на далај-ламата.

Во пораката на Сонам Ѓацо спрема Монголите пишувало дека Монголците треба да го прифатат будизмот и дека повеќе не треба да има жртви на животни и луѓе и дека треба да се уништат сите слики на старите богови.Тој исто така сметал дека и воените акции треба да престанат и дека жртвувањето на жената на погребот од сопругот треба да биде укинато.

Третиот далај-лама објавил дека е реинкарнација на Фагпа,а Алтан Кан објавил дека е реинкарнација на Кублај Кан и тие двајцата започнале да соработуваат во пропагирањето на будизмот.

За време на владеењето на петтиот далај-лама, Лозанг Ѓацо,алијансата со Монголците продолжила да се одржува и инструментално со издавањето на Гелукпа како власт на Тибет.

Алтан Кан умрел во 1582 година,само 4 години по средбата со третиот далај-лама, Сонам Ѓацо. Него го наследил неговиот син Сенге Дуренг којшто продолжил да го поддржува ширењето на будизмот.Две години подоцна Сонам Ѓацо повторно ја посетил Монголија,а при тоа го основал и манастирот Кумбум на родното место на големиот учител и реформатор Је Цонгкапа.Од 1585 година тој во Монголија сменил многу племиња со своите принцови.Тој уште еднаш бил поканет во Монголија,но се рзболел и умрел враќајќи се од Монголија во Тибет.

Внуѕкот на Алтан Кан Јонтен Ѓацо станал четвртиот далај-лама.

Победата и пленот споделете ги со другите;Загубата и поразот сносете ги сами. - Сонам Ѓацо.

Претходник
Гендун Ѓацо
Реинкарнација на далај-лама Наследник
Јонтен Ѓацо