Соломон Садикарио

Од Википедија — слободната енциклопедија
Соломон Садикарио
Роден 1922
Битола, денес Македонија Македонија
Починал 1944
Кај Ман. Прохор Пчински, Кумановско
Занимање учесник во НОБ

Соломон Садикарио - Мо (Битола, 1922 - 1944, кај ман. „Прохор Пчински“, Кумановско) — македонски Евреин, учесник во НОБ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Садикарио е роден во Битола во 1922 година. Негов брат е Самуел Садикарио. Во родниот град се здобива со средно образование. Многу учел и читал и други книги. Кон крајот на 1941 година Мо станал член на СКОЈ, а во средината на 1942 година бил примен за член на Партијата. Уште далеку пред Еврејската катастрова, Мо се наоѓал во Лавчанската корија во одредот „Даме Груев“. Во одредот тој бил делегат на една десетина. Кога во декември 1943 година во село Герман- Егејска Македонија се формирал битолско-преспанскиот батаљон „Стив Наумов“ тој бил назначен за комесар на една чета од батаљонот. Во тоа својство Мо го поминал и прочуениот февруарски поход на пат за Козјак и формирањето на третата македонска ударна бригада. Со својата храброст и пожртвуваност и над се со својот другарски однос Мо бил пример на борците. Во борбите и покретите насекаде тој им помагал на болните и послабите. Во почетокот на август 1944 година третата македонска бригада го обезбедувала и чувала просторот околу манастирот Прохор Пчински и водела секојдневни борби со бугарските фашисти. Во тие борби тука Садикарио го положува својот живот. Бил погребан е во село Арбанашко во присуство на голем број борци. После војната неговите коски се пренесени во спомен костурницата во Куманово.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Viorni dni: spomen kniga na Tretata makedonska udarna brigada; Zlatko Biljanovski -Kočo Racin, 1957