Скриена вистина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Скриена Вистина
Жанрдрама, теленовела
Создадена одХосе Рендон
УлогиГалилеа Монтијо
Габриел Сото
Алехандра Барос
Едуардо Јанез
Хектор Ортега
Воведна тема"Si te perdiera"
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикШпански
Бр. на епизоди120
Производство
Извршен продуцент(и)Емилио Лароса
МестоположбаГрад Мексико
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал2
Хронологија
СледбеникВљубени и злобни (2006–2007)
Надворешни врски
Мрежна страницаesmas.com/laverdadoculta

Скриена Вистина е романтична мексиканска теленовела. Серијата е снимена во Мексико, во текот на 2006 година, со 120 епизоди. Серијата во времето на прикажување во Мексико имаше една од најдобрата гледаност.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Првиот пар во приказната се Давид Хеновес и Габриела Гуилен, драга и интелегентна девојка, која работи како келнерка во ресторанот кој го води Давид. Другиот пар се Хуан Хосе, кој невин во затвор 11 години и Алехандра, богата архитектка во која Хуан се заљубуил на прв поглед и одлучува да се бори за нејзината љубов. Приказната започнува кога Габриела и нејзината сестра Хулиета се вработуваат во ресторанот на Давид на кој веднаш му се допаднува Габриела. Но, тој не е единствениот, бидејќи неговиот партнер Карлос исто така е инспириран од нејзината убавина, па стануваат двајца соперници. Иако Габриела е заљубена во Давид, таа почнува да се сомнева во неговата искреност. Особено помеѓу нив двајцата пораснува тензијата кога Габриела го запознава Леонардо, полицаец кој станува нејзин заштитник. Месеците минуваат додека Габриела самата себе не си признава дека е заљубена во Давид. Сепак нивната врска ќе биде зачинета со конфликти и тешкотии кои ќе ги прават сплетките на Карлос и љубомората на Давид. Габриела не знае дека нејзиниот татко и таткото на Давид со години делат мрачна тајна. Кога таткото на Давид, Марио заболува од неизлечлива болест загрижен е за наследството на син му заради злобниот партнер Адолфо. Поради тоа го бара таткото на Габриела да го преземе неговото место додека не се реши со партнерскиот однос со Адолфо. Внуката на Марио, Алехандра е единствена која ја знае оваа тајна и како архитектка ќе му помогне да го изгради тунелот како би бил во врска со својот двојник. Хуан Хосе се заљубува во неа откако ќе ја види, а класните разлики спречуваат кога Хуан ненадејно ќе добие наследно богатство кое ќе му помогне да и се приближи, и да склопи партнерство со Марио и таткото на Габриела, Фаусто како би ги решил нерешените сметки со злобниот Адолфо. Полицаецот Леонардо Фаидела ќе игра важна улога во истрагата на криминалите на Адолфо.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Галилеа Монтијо Габриела
Габриел Сото Давид
Хулио Алеман Адолфо
Алехандра Барос Алехандра
Едуардо Јанез Хуан Хосе
Марија Сорте Јоланда
Хари Геитнер Леонардо
Марко Мендез Карлос
Фабијан Роблес Роберто
Маргарита Магања Берта

Скриена Вистина на Балканот[уреди | уреди извор]

Хрватска:НоваТВ (прекината после 90 епизода)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]