Скопско темно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Скопско темно на полица во маркет
ТипПиво
ПроизводителПивара Скопје
Земја на потеклоМакедонија
Алкохол по волумен4.0% www.pivaraskopje.com.mk
СтилТемно
Матична страницаwww.pivaraskopje.com.mk

СКОПСКО Темно се произведува по оригинален рецепт на пивските мајстори во Пивара Скопје. Тоа претставува совршен микс на квалитетни природни состојки: темен јачменов слад, хмељ, квасец и вода; најсовремена технологија и големо искуство, знаење, љубов и страст кон пивото.

Покрај темната махагони боја, која произлегува од двојно печениот јачменов слад, новата бренд екстензија на СКОПСКО поседува и други уникатни одлики, како што е богатата и цврста пена која овозможува задржување на неговата свежина и богат вкус со заокружен благо горчлив финиш, со што потсетува на најпознатите баварски пива, без притоа да загуби од својата автентичност.

СКОПСКО Темно е единственото темно пиво произведено во Македонија кое се лансираше во 2014 година. И оваа бренд екстензија на СКОПСКО ги постави стандардите за развојот на овој сегмент на домашниот пазар[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Брендови“. ПОЛНА ЧАША. Посетено на 2018-07-19.