Скит Скитара

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дејан Јанушев (попознат како Скит Скитара) е роден на 9 јануари 1987 година во Скопје. Со творење започнува од својата 12 годишна возраст. На 15 години заедно со својот другар Марко Слаткаристика ја оформуваат хип-хоп групата “Единствена Опција” и во 2004 година го издаваат албумот “Рап Тврдина”. Во 2006 година имаат свој настап на престижниот музички фестивал ”Егзит” кој се одржува во Нови Сад. Во 2008 година заедно со Пука Козметика, Слаткар, Ел Мариачи, Боро Лаказ, Кацар, Желе, Сиги, Аце НЛ, Че и Дј Димитриј Је Ја Јоу, ја оформуваат групацијата “Токсикологија”.[1]

Скит Скитара е продуцент, текстописец, пее и рецитира. Продуцент е на сите големи хитови на групацијата “Токсикологија” како што се “Ново Лисиче Будало“, “4екераукц“, “Смеј се и пеј“, и многу други. До сега соработувал и е во одлична соработка со скоро сите македонски хип-хоп групи и артисти. Првиот соло албум на Скит Скитара е насловен “Скит го има она…маафака” кој излезе јуни 2010 година во соработка со Јованов Рекордс.[2] Во својот прв соло албум ќе се појави не само како артист туку и како кант автор на сите песни.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]