Скикда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Скикда (на арапски: سكيكدة ) е град во североисточен Алжир и пристаниште на заливот Стора. Скикда е античкиот град Синус Нумидикус. Градот бил познат и како Филипвил до крајот на Алжирската војна за независност.

Скикда била основана во 1838 од Французите на урнатините на антички феникиски град кој подоцна процветал како голем римски град наречен Русикада, пунски збор кој значи "огнен рид". Во 5 век, римското пристаниште било уништено од Вандалите.