Скачковски манастир

Координати: 42°2′44″N 21°49′37″E / 42.04556° СГШ; 21.82694° ИГД / 42.04556; 21.82694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Скачковски манастир
Воздушен поглед на манастирот
Информации
Целосно имеСкачковски манастир
Други имињаМанастир „Св. Троица“
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наСвета Троица
ЕпархијаКумановско-осоговска
ЦрквиЦрква „Св. Троица“
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“
Личности
Основач (и)Стојан Пајковски
Место
МестоСкачковце, Општина Куманово Македонија Македонија
Координати42°2′44″N 21°49′37″E / 42.04556° СГШ; 21.82694° ИГД / 42.04556; 21.82694
Видливи остатоцидве цркви, параклис, чешма, конаци, помошни објекти
Отворен за јавностада
Други информации(Орашачка парохија)

Скачковски манастирманастир во северниот дел на Македонија, во селото Скачковце.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Манастирот се наоѓа јужно од селото, на рид над селото, каде и во минатото имало крст кај кој се собирале селаните на собор.[1] До манастирот води асфалтен пат, кој завршува со голем манастир во подножјето на ридот, од каде водат скали до самиот врв на ридот.[2]

Манастирскиот комплекс зафаќа површина од 20 хектари, уредени со патеки, места за седење, фонтана, мала зоолошка градина и игралиште за деца.[3]

Градби[уреди | уреди извор]

Во склоп на манастирот влегуваат две цркви, камбанарија, параклис, 12-метарски крст подигнат во 1996 година, библиотека, чешма, конаци, споменици на Пресвета Богородица и Свети Климент Охридски, 3-метарско велигденско јајце и помошни објекти.[3]

Црква „Св. Троица“[уреди | уреди извор]

Оваа црква е подигната заедно со целиот манастир во 2000 година.

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“[уреди | уреди извор]

Оваа црква започнала да се гради во 2021 година.[4]

Конаци[уреди | уреди извор]

Манастирот поседува нови конаци.

Историја[уреди | уреди извор]

Местото на кое е подигнат манастирот е познато како крстно место во селото. Како светилиште постои од XIII век.[3]

Манастирот е изграден од познати вевчански мајстори по повод 2000 години од христијанството и осветен во 2001 година. Денес, во него се вршат крштевки, венчавки и молитви. Манастирот годишно го посетуваат над 5.000 ученици.[3]

Како ктитор на манастирот се јавува прота Стојан Пајковски.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: САНУ. стр. 150.
  2. „МАНАСТИРОТ „СВ ТРОИЦА" С. СКАЧКОВЦЕ-МАКЕДОНСКАТА ОАЗА НА МИРОТ“. Трибуна. 2020-06-11. Посетено на 2024-01-13.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Манастирот „Света Троица" го заживеа Скачковце“. KumanovoNews. Посетено на 2024-01-13.
  4. Георгиевска, Елена (2 мај 2021). „Комплексот „Света Троица" вистинско светилиште“. Македонска телевизија. Посетено на 13 јануари 2024.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]