Синбад морепловецот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Синбад морепловецот[уреди]


Синбад морепловецот

Синбад морепловецот е измислен морепловец и херој на приказна од средно источно потекло кој потекнува од Басра и живеел во времето на Абасидски калифат. За време на неговите патувања низ морињата на источна Африка и јужна Азија, тој има фантастични авантури на магични места, сретнувајќи чудовишта и наидувајќи на натприродни појави.

Потекло и извори[уреди]

Персиското име Синбад („Крал на реката Синд) наговестува на можно Персиско потекло. Најстарите текстови од циклусот се на Арапски и ниедна стара или средновековна персиска верзија не преживеала. Приказната каква што ја имаме е за време на правилото на Абасидскиот калифат и особено го истакнува регионот на Харун ал-Рашид. Името Синбад го означува името на реката Инд (Синду). Синду морепловците, кои станале познати по нивните вештини за навигација, географија и јазици ги инспирирале приказните на Морепловецот Синбад. Всушност, Синд е споменат во пиказната за третото патување: („Откако нападнавме на земјата на Синд, каде што купивме и продадовме“). Во Арменија се појавува промена на името во Смбат, како и верзијата Лампад од името на татко му Ламбад. Предизвикани се инциденти на некои приказни од старите литературни извори (вклучивајќи ги Хомеровата Одисеја и Панчатантра од Вишу Сарма и од арапската, индијската и персијската литература и фолклор. Приказната за Синбад беше вклучена од страна на Антоан Галанд, преведувачот на Илјада и една ноќ, во 133та „ноќ“ од неговата колекција. Колекцијата е бајка 120 во том 6 од преводот на Ричард Бартон на Книгата за илјада и една ноќ, кога покрај критицизам, согледувајќи го преводот и објаснувањето останува најпроширената колекција на бајки Арапски Ноќи на англиски и често се кориси за писмена препорака во зборовниот англиски свет. Додека пак, западните преведувачи ги зачувале приказните на Синбад заедно со бајката Шехерезада во Арапски ноќи, тие потекнувале независно од тој циклус на приказни и модерните преведувачи од арапските ученици често не ги вклучувале приказните на Синбад или неколку други од Арапски ноќи кои и биле познати на западната публика.

Бајките[уреди]

Носачот Синбад и морепловецот Синбад[уреди]


Исто како 1001 ноќ, циклусот на приказни на Синбад има замислена приказна, која следи: во времето на Харун ал-Рашид, калиф од Багдад, сиромашен носач (кој носи роба за други во маркет и низ градот) прави пауза да се одмори на една клупа надвор од портата на куќата на богат трговец, каде што тој му се жали на Алах за неправдата во светот која им овозможува на богатите лесно да живеат, додека тој мора да се мачи и пак да биде сиромашен. Сопственикот на куќата го слушнал тоа, се упатил кон носачот и дознава дека и двајцата се викаат Синбад. Богатиот Синбад му кажува на сиромашниот Синбад дека станал богат, „со среќа и судбина“ за време на седумте чудесни патувања, кои тој тогаш продолжува да ги раскажува.

Првото патување на морепловецот Синбад[уреди]


Откако го истрошил богатството што го наследил од татко му, Синбад отишол на море за да го врати своето богатство. Застанал на обалата на нешто што наликува на остров, но всушност тоа бил огромен кит што спие. Разбуден од огновите на морепловците, китит се нурнал во длабочините, бродот заминал без Синбад, а Синбад се спасил со помош на дрво кој му го испратил Алах. Тој е фрлен на остров со многу дрва. Додека го истражувал пустинскиот остров, сретнал слуга на кралот. Кога Синбад помогнал да се спаси кобилата на кралот од давење од морски коњ (не морски коњ каков што знаеме ние, туку натприроден коњ кој живее под водата), слугата го однел Синбад кај кралот. Синбад и кралот се спријателуваат и тој станува верен дворјанин. Еден ден, бродот со кој Синбад отпловувал го укотвува на островот и ја рекламирал својата роба. Синбад му ја давал робата на кралот и за возврат добивал скапи подароци. Синбад ги продавал тие подароци за голем профит. Тој се вратил во Багдад каде што го продолжил својот живот во лесностија и задоволство. Со завршувањето на бајката, морепловецот Синбад му направил подарок на Синбад носачот од сто парчиња злато и му понудил да се врати следниот ден за да слушне повеќе за неговите авантури.

Второто патување на морепловецот Синбад[уреди]


Големата птица со својот плен

На вториот ден од раскажувањето на бајката за Синбад (549та ноќ од Шехерезада), морепловецот Синбад раскажува како тој израснал беспокојно и невработеност и повторно испловил на море, „опседнат со мислата на патување по светот на мажите и гледање на нивните градови и острови.“ Случајно напуштен од страна на неговите морнари повторно, тој се наоѓа себеси заглавен на еден остров кој содржи јајца од огромна птица. Тој самиот се фатил за птица и се транспотирал до долината на огромни змии кои можат да проголтаат и слонови, тие служеле како природен плен на птиците. Подот на долината е постелен со дијаманти, и трговците ги собирале фрлајќи огромни парчиња месо во долината; птиците го носат месото назад до нивните гнезда и мажите ги одвлекуваат птиците далеку и ги собираат дијамантите што се заглавиле во есото. Итриот Синбад нарамил едно парче месо на грбот и го вратил назад до гнездото заедно со голема вреќа полна со скапоцени камења. Спасен од гнездото од страна на трговците, тој се враќа во Багдад со богатство од дијаманти, сретнувајќи се со многу чуда по патот.

Третото патување на морепловецот Синбад[уреди]


Чудовиштето од третото патување на Синбад

Неспокоен за патување и авантура, Синбад повторно испловува од Басра. За несреќа, тој и неговите придружници се исфрлени на еден остров каде што се заробени од страна на „огромно чудовиште што личи на човек, со црна боја... со очи како јаглен од оган и очи заби како на вепар и голем отвор како уста на бунар. И покрај тоа, тој имал долга мека уста како камила што виси надолу по градите и ушите и неговите нокти на рацете биле како канџи на лав.“ Ова чудовиште почнало да го јаде екипажот, почнувајќи од Рејс (капетанот), кој е најдебел. Синбад подготвува план за да го заслепи чудовиштето(повторно паралела со приказната за Полифемус во Одисеја на Хомер) со две црвено жешки железа го избодува и чудовиштето гори со бродската компанија. Тој и останатите мажи бегаат на сплав кој е изграден претходниот ден. Меѓутоа, повеќето од избеганите мажи се погодени од камења и се убиени. По понатамошните авантури (вклучувајќи гигантски питон од кој Синбад бега употребувајќи го својот брз памет), тој се враќа во Багдад, побогат од било кога.

Четвртото патување на патување на морепловецот Синбад[уреди]


Присилен од неспокојството, Синбад отпловува повторно по морињата и како и обично доживува бродолом. Голите дивјаци меѓу кои се наоѓа и тој самиот се хранат со билка која има чудно дејство. Синбад согледува што се случува и одбива да јаде од растението што поттикнува лудило. Кога човекојадците го изгубиле интересот за него, тој бега. Група на собирачи на бибер го пренесуваат на нивниот остров, каде што нивниот крал се спријателува со него и му подарува прекрасна и богата сопруга. Предоцна, Синбад дознава за необичниот обичај на островот: со смртта на еден од брачните партнери, другиот се закопува жив заедно со својот партнер, и двајцата во нивната најубава облека и најскапите скапоцени камења. Сопругата на Синбад се разболува и наскоро умира, оставајќи го Синбад заробен во подземна пештера, општински гроб со бокал вода и седум парчиња леб. Како што овие оскудни резерви се речиси исцрпени, уште неколку брачни парови со мртов маж и жива жена паднале во пештерата. Синбад ја претепува жената и ги зема нејзините оброци. Ваквите епизоди продолжуваат; наскоро тој има значително голема продавница со леб и вода, како и злато и скапоцени камења од труповите, но сеуште неможе да избега, се додека едно диво животно го преминува преминот кон надвор , високо над морето. Од тука го спасува еден брод што поминува и го носи во Багдад, каде што тој им дава милостина на сиромашните и го продолжува својот живот во задоволство (коментари во фуснота од Бартон: Оваа бајка е очигледно земена од бегството на Аристомен од јамата во која тој бил фрлен, лисица како негов водич. Арапите во раните денови биле желни студенти за грчка литература.“) Слично на тоа, првата половина од патувањето наликува на епизодата Лошата вештерка од Одисеја, со одредени разлики: во арапските бајки мажите се фаќале на стапица со растението, а во Одисеја било само магија од лошата вештерка која ги „здебелувала“ мажите. Во претходна епизода со особини на „Лотус јадачите“, со што мажите во Одисеја се прехранувале,се фаќале во стапица со слично магично овошје.

Петтото патување на морепловецот Синбад[уреди]


петтото патување на морепловецот Синбад

„ Кога бев некое време на брегот по моето четврто патување; и кога, за моја утеха и задоволство, забава и радост над моите големи добивки и профит, ги заборавив сите страдања и опасности што ги издржав, телесниот човек повторно беше запленет со копнеж да патува и види странски земји и острово.“ Наскоро во морето уште еднаш, додека поминуваше пуст остров, екипажот на Синбад наидува на огромно јајце кое Синбад го препознава дека припаѓа на огромната птица. Од љубопитност патниците се истоваруваат од бродот за да го видат јајцето, при кајот на неговото кршење и излегување на пиле. Синбад веднаш ја согледува глупоста на нивното однесување и наредува сите да се вратат назад на бродот. Меѓутоа, разбеснетиот родител на птицата го стигнува бродот и го уништува со фрлање на огромни камења од своите канџи. Доживувајќи уште еден бродолом, Синбад е заробен од Старецот на морето, кој го носи Синбад на рамињата притиснат со неговите нозе околу вратот дење и ноќе додека не го усмрти. (Коментар во фуснота на Бартон го објаснува потеклото на старецот – орангутан, грчки тритон со африкански обичај кој ги јава робовите на овој начин. Конечно Синбад прави трик со вино кој старецот го испива. Откако паѓа,Синбад го убива и потоа бега. Еден брод го носи во градот на мајмуните, место чиишто жители ја поминуваат секоја ноќ во бродови вон брегот, додека нивниот град е отстапен на мајмуни човекојадци. Сепак, преку мајмуните Синбад го обештетува своето богатство, и така на крајот наоѓа брод кој го носи дома уште еднаш во Багдад.

Шестото патување на морепловецот Синбад[уреди]


„Мојата душа копнееше за патување и сообраќај“. Синбад доживува повторно бродолом, овој пат доста насилно што и неговиот брод е распарчен од парчиња карпи. Нема храна насекаде и екипажот на Синбад умира од глад, само тој преживува. Тој изградува сплав и открива река што се влева надвор од пештерата под карпи. Реката е исполнета со скапоцени камења и станува јасно дека островот е полн со амбра. Како што патува низ мракот тој заспива и се буди во градот на кралот Серендиб (Сејлон, Шри Ланка), „дијамантите се во неговата река, а бисерите се во неговата долина“. Кралот се зачудува од тоа што Синбад му го кажува за големиот Харун ал-Рашид, и прашува тој да земе подарок назад во Багдад во негово име, шолја изрезбана со рубин, со други подароци вкчлучувајќи и кревет направен од кожата на змијата која проголтала слон и „сто илјади мискали од Синд“ и робинка „како сјајна месечина“. И така Синбад се враќа во Багдад, каде што калифот се прашува за извештаите кои Синбад му ги дава за земјата Сејлон.

Седмото и последното патување на морепловецот Синбад[уреди]


Постојано неспокоен Синбад испловува уште еднаш со вообичаен резултат. На пуст остров изградува сплав и плови надолу до блиската река во голем град. Овде шефот на трговците го спојува Синбад со неговата ќерка, го именува за свој наследник и умира. Жителите на овој град еднаш месечно се трансформираат во птици и Синбад има една птица која го носи високо горе речиси да го достигне небото, каде што ги слуша ангелите што го слават Бог„при што се прашувал и извикувал, фала му на Бога, величенствено да биде совршенството на Бог! Но, по овие зборови се појавил оган од од небото и птиците лути на Синбад го спуштаат на врвот од една планина, каде што сретнува две момчиња кои се слуги на Бога и кои му даваат златни работи. Враќајки се во градот Синбад дознава од својата сопруга дека луѓето-птици се ѓаволи, исто така таа и нејзиниот татко не се дел од нив, и така, по советот од својата сопруга, Синбад го продава својот имот и се враќа заедно со неа во Багдад каде што најпосле се решава да живее тивко уживајќи во своето богатство и повеќе да не доживува авантури. Бартон вклучува варијанта од седмата приказна, во која Харун ал-Рашид го прашува Синбад да однесе поклон за возврат на кралот Серендиб. Синбад возвратил, „Се колнам во Алах, моќниот Господ, ми се гади од патување и кога ке ги слушнам зборовите „пловидба“ или „патување“, целиот треперам„. Потоа тој му кажува на калифот за неговите неуспешни патувања; Харун се согласува дека со таква историја „ти никогаш не покажувај само право дури и да станува збор за патување“. Сепак, на командата на калифот не треба да се противречи, и Синбад тргнува на своето уникатно дипломатско патување. Кралот на Серендиб е многу задоволен од подароците од калифот (кои вклучуваат, меѓу другото, послужавникот за храна на кралот Соломон) и го опсипува Синбад со својата наклонетост. На патувањето назад ги удира вообичаена катастрофа: Синбад е фатен и продаден во робство. Неговиот господар го наместува да стрела слонови со лак и стрела, се додека кралот да го однесе до гробот за слонови.Господарот на Синбад е толку задоволен од огромните количини на слонова коска во гробот за слонови, и го пушта Синбад на слобода и Синбад се враќа во Багдад, богат со слонова коска и злато. „Еве, бев кај калифот откако го поздравив и му ги бакнував рацете, го известив за се што ме снајде; при што тој се радуваше за мојата безбедност и му се заблагодари на семоќниот Алах и тој направи мојата приказна да биде со букви од злато. Тогаш влегов во мојата куќа, го запознав своето семејство и браќа: и ова е крајот на историјата што ми се случи за време на седумте патувања. Фала му на Алах, единствениот, создавачот, творецот на сите нешта на небото и земјата!“. Во некои верзии се навраќаме во вообичаената приказна, во која Синбад носачот може добил краен дарежлив подарок од морепловецот Синбад. Во други верзии, циклусот на приказната завршува тука, и Синбад носачот понатаму не се спомнува.

Забелешки[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Шаблон:Sinbad the Sailor