Симфонија на мирот (Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед кон скулптурата

Симфонија на мирот претставува бронзена скулптура на 3 птици - гулаби кои стојат врз Земјината топка. Се наоѓа во Скопје и е поставена во 2005 година. Оваа скулптура е посветена на жртвите на холокаустот во Македонија и според авторот таа е антитеза на ужасите на војната и на безумието што таа со себе го носи, на прогонствата и на стравот, на измачувањата и на смртта, како и на сите оние за човек недостојни состојби од времето кога човечноста била поразена, а од кое, како од отворената утроба на нашето сопствено крваво минато, сè уште се шири гнасна реа. Автор на оваа скулптура е познатиот македонски вајар Томе Серафимовски. Скулптурата била поставена по повод денот на холокаустот на плоштадот Слобода во Скопје во спомен на депортацијата на скопските Евреи. Таа била откриена од тогашниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, а на свеченоста се обратил професорот д-р Самуел Садикарио и градоначалникот на Скопје, Ристо Пенов.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Симфонија на мирот" на плоштадот Слобода“. Дневник. 2005. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2011-08-14.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]