Сикимски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сикимски јазик
дрнџоншки јазик
Lhokä
Застапен во Сиким, Непал, Бутан
Народ Бутијанци
Говорници 70,300  (2001)
Јазично семејство
Писмо тибетско писмо
Статус
Службен во Сиким
Јазични кодови
ISO 639-3 sip

Сикимскиот, познат и како бутијански, дранџонгке (тибетски: འབྲས་ལྗོངས་སྐད་Вајли: 'bras-ljongs-skad), дензонгпеке, е тибетски јазик кој е дел од поголемото јазично семејство на синотибетски јазици. Јазикот се зборува од Бутијанците во Сиким, Индија. Матичниот назив за јазикот е дранџонгке, а Сиким го нарекуваат Дензонг (тибетски: འབྲས་ལྗོངས་Вајли: 'bras-ljongs; 'долина на оризот').[1]

Писмо[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Тибетско писмо.

Сикимскиот јазик се пишува со тибетско писмо. Ова писмо е наследено од класичниот тибетски јазик. Сепак, важно е да се напомене дека фонологијата на сикимскиот се разликува од таа на класичниот тибетски јазик. Според SIL, 68% Бутијанците се писмени во однос на тибетското писмо, според податоците за 2001.[1][2][3]

Сродност со останати јазици[уреди]

Сикимците може да разберат до одреден степен говорен ѕонгка и лексичката сличност меѓу јазиците е 65%. За споредба, Тибетски јазикстандардниот тибетски е 42% сличен на лексичко поле со сикимскиот. Сикимскиот бил под одредено влијание од јолмованскиот и таманшкиот јазик.[1][2] Поради вековните контакти со Тибеќаните и Непалците, Сикимците користат и непалски и тибетски јазик.[1]

Фонологија[уреди]

Согласки[уреди]

Во прилог следува сикимската фонологија според Илниеми (2005) и Ва Дрим (1992).[3]

лабијални дентални
алвеоларни
ретрофлексни Алвеопалатални/
палатални
веларни глотални
носни безвучни ན /n/ ŋ̥ ང /ng/
звучни m མ /m/ n ན /n/ n~ŋ ཉ /ny/ ŋ ང /ng/
експлозивни безвучни
unaspirated
p པ /p/ t ཏ /t/ ʈ ཏྲ /tr/ k ཀ /k/ ʔ འ /ʔ/
безвучни
пригласни
ཕ /ph/ ཐ /th/ ʈʰ ཐྲ /thr/ ཁ /kh/
звучни b བ /b/ d ད /d/ ɖ དྲ /dr/ ɡ ག /g/
обезвучени p̀ʱ བ /p'/ t̀ʱ ད /t'/ ʈ̀ʱ དྲ /tr'/ k̀ʱ ག /k'/
африкати безвучни
unaspirated
ts ཙ /ts/ ཅ /c/
безвучни
пригласни
tsʰ ཚ /tsh/ tɕʰ ཆ /ch/
звучни dz ཛ /dz/ ཇ /j/
обезвучени tɕ̀ʱ ཇ /c'/
фрикативни безвучни s ས /s/ ɕ ཤ /sh/ h ཧ /h/
звучни z ཟ /z/ ʑ ཞ /zh/
ликвидни безвучни ལ /l/ ར /r/
звучни l ལ /l/ r~ɹ~ɾ ར /r/
апроксимантни w ཝ /w/ j ཡ /y/ w ཝ /w/

Самогласки[уреди]

Самогласките во сикимскиот се:[3]

предни средни задни
незаоблени заоблени незаоблени заоблени
затворени i  ི /i/ y  ུ /u/ u  ུ /u/
средни e  ེ /e/ ø  ོ /o/ o  ོ /o/
отворени ɛ  ེ /e/ ɐ /a/

Поврзано[уреди]

Портал „Јазик

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Lewis, M. Paul, уред (2009). „Sikkimese“. „Ethnologue: Languages of the World“. Dallas, Texas: SIL International. http://www.ethnologue.com/show_language.asp?code=sip. конс. 16 април 2011. 
  2. 2,0 2,1 Norboo, S. (1995). „The Sikkimese Bhutia“ (PDF). „Bulletin of Tibetology“. Gangtok: Namgyal Institute of Tibetology. стр. 114–115. http://himalaya.socanth.cam.ac.uk/collections/journals/bot/pdf/bot_1995_01_25.pdf. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Шаблон:Cite thesis

Литература[уреди]