Тибетски јазици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тибетски јазици
Народност: Тибетски народи
Геог.
распростр.:
Тибет, Кингај, Сечуан, Кашмир, Балтистан, Непал, Сиким, Бутан
Класификација: синотибетски
Гранки:
Tibet provinces.png
Историски тибетски покраини.

Тибетските јазици се подгрупа на тибетско-бурманските јазици, кои се зборуваат воглавно од Тибетските народи, кои пак живеат во и околу Тибет. Јазиците се зборуваат во Тибет, Кина, Бутан, Непал и делови од Индија. Класичниот тибетски јазик е главен литургиски јазик, кој се користел за будистичката литература. Овие јазици воглавно се пишуваат со тибетско писмо.

Централнотибетските дијалекти од Ласа, Кам и Амдо се гледаат како дијалекти на еден тибетски јазик, особено поради фактот што сите тие имаат една стандардна форма. Ѕонгка, националниот јазик на Бутан, шерпанскиот, сикимско-тибетскиот и ладакискиот се сметаат за засебни јазици.

Овие јазици ги зборуваат околу 8 милиони луше. Со проширувањето на Тибетскиот Будизам низ светот, тибетскиот јазик се проширил и во Западниот свет. Класичниот тибетски јазик не бил тонски јазик, но некои дијалекти од централнотибетските и камско-тибетските јазици се тонски јазик|тонски. Амдотибетскиот и ладакискиот не се тонални. Тибетската морфологија, општо гледано, може да се смета за аглутинативна, иако класичниот тибетски бил аналитички јазик.

Јазици[уреди]

Николас Турнадре ја дал следната класификација на тибетските јазици:[1]

Според Бредли, овие јазици се класифицирани како:[2]

Наводи[уреди]

  1. *N. Tournadre (2005) "L'aire linguistique tibétaine et ses divers dialectes." Lalies, 2005, n°25, p. 7–56 [1]
  2. Bradley (1997)

Литература[уреди]

  • Beyer, Stephan V. (1992). „The Classical Tibetan Language“. SUNY Press. ISBN 0-7914-1099-4. 
  • Denwood, Philip (1999). „Tibetan“. John Benjamins Publishing. ISBN 90-272-3803-0. 
  • Denwood, Philip (2007). „The Language History of Tibetan“. „Linguistics of the Himalayas and beyond“. Walter de Gruyter. ст. 47–70. ISBN 3-11-019828-2. 
  • van Driem, George (2001). „Languages of the Himalayas: An Ethnolinguistic Handbook of the Greater Himalayan Region containing an Introduction to the Symbiotic Theory of Language“. Brill. ISBN 9004103902. 

Поврзано[уреди]

Портал „Јазик

Надворешни врски[уреди]