Сибат
Изглед
Сибат е вид на копје што се користело на Филипините. Обично било направено од трска со наострен врв, но се користеле и метални врвови. Називот сабат доаѓа од индонезиски или филипински дијалект, додека на островот Негрос го нарекуваат бангко или палупад.
Постојат многу верзии од ова филипинско копје, кои варираат според должината и функцијата. За некои од овие копја е карактеристичен метален врв во разни стилови и величини, додека за други пак бил карактеристичен само зашилен врв, некои имале една, а некои две острици.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |