Семрежен слој

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Мрежното ниво или IP ниво е група од меѓумрежни методи, протоколи и спецификации во TCP/IP што се користат за транспот на датаграми низ мрежата, ако е потребно, до дестинацискиот домаќин специфизиран со IP адреса која е дефинирана за оваа намена од Интернет Протоколот. Името на интернет нивото произлегува од неговата функција на формирање мрежа, или меѓумрежување, што е концептот на поврзување на повеќемрежи една со друга преку порти. Протоколите од IP нивото користат IP-базирани пакети. IP нивото не ги вклучува протоколите што ја дефинираат комуникацијата помеѓу локални (on-link) мрежни точки, тие протоколи припаѓаат на нивото на податочна врска. Важен аспект на IP нивото е принципот на робустност: “Биди отворен во тоа што го прифаќаш, и конзервативен во тоа што го праќаш” (RFC 1122).

Петте нивоа на TCP/IP моделот
5. Апликациско ниво (Application layer)

DHCP • FTP • IMAP4 • POP3 • SIP • SMTP • SSH • BGP •

4. Транспортно ниво (Transport layer)

UDP • TCP • DCCP • SCTP • RSVP • ECN

3. Мрежно ниво (Network layer)

IP (IPv4 • IPv6) • ICMP • IGMP • RSVP • IPsec

2. Податочно ниво (Data Link Layer)

ATM • DTM • Ethernet • FDDI • Frame Relay • GPRS • PPP • ARP • RARP • L2TP • PPTP

1. Физичко ниво (Physical layer)

Етернет • ISDN • Модеми • PLC • SONET/SDH • G.709 • Wi-Fi •

Цел[уреди]

IP нивото има три (3) основни функции:

1) За излезни пакети, избери го следниот скок (поточно gateway кон домаќин) и прати го пакетот до тој домаќин со предавање на соодветната имплементација на ниво за податочна врска

2) За дојдовни пакети, фати си и препрати ги до соодветниот протокол од транспортно ниво


3) Како додаток, овозможува детекција на грешки, и способност за дијагноза

Во IPv4, за време да операциите на праќање и примање, IP е способен за автоматска или намерна фрагментација и дефрагментација на пакети, базирана, пример, на MTU на поврзувачкте елементи. Оваа функционалнот е изоставена во IPv6 бидејќи крајните комуникациски точки, домаќините, сега мораат да извршат MTU откривање на пат и да се осигураат дека трасмисиите „крај со крај“ не го надминуваат познатиот максимум. Во текот на неговите операции, интернет слојот не е одговорен за интегритетот на трансмисиите. Тој нуди само услуга и ,,испорака по принципот на најдобро што е можно". Тоа значи дека мрежата не гарантира дека пакетите ќе пристигнат некорумпирани или во некој редослед. Ова беше важен принцип при дизајнот на интернетот, како и голема промена од претходните протоколи кои што беа дел од раниот ARPANET. Затоа што пренесувањето пакети низ различни мрежи е инхерентно неослонив процес кој што често не успева, товарот на сигурноста се стави врз крајните точки на комуникациската патека (домаќините), а не на мрежата. Ова е една од причините за отпорноста на интернетот од падови, како и неговата докажана скалабилност. Стабилноста и доверливоста на мрежата е должноста на протоколите од повисоко ниво, како TCP во транспортниот слој. Во IPv4 (но не и во IPv6), хаш код се употребува за да се увериме дека информацијата која што пристигнува е точна. Сепак, IP не пробува да провери дали грешки се случиле во податоците во индивидуалните пакети.

Протоколи[уреди]

На интернет нивото основен протокол е IP (Internet Protocol). Други протоколи се ICMP и IGMP. Internet Control Message Protocol (ICMP) се користи за тестирање на мрежата, обезбедува пораки за дијагностика и грешки. ICMP "echo" пораките се користат од PING апликацијата за проверка на оддалечените уреди. Internet Group Management Protocol (IGMP) се користи кај мултикаст испраќања на UDP пакети до повеќе компјутери. Routing Information Protocol (RIP) работи со рутерите за откривање на патеките помеѓу мрежите. RIP избира патеки според бројот на хоповите. Open Shortest Path First (OSPF) исто како RIP, овозможува на рутерите да ги изградат табелите за рутирање. OSPF избира рути според повеќе карактеристики на врските помеѓу мрежите како опсегот и доцнењето и е погоден за поголеми мрежи. Address Resolution Protocol (ARP) се користи за откривање на локалната (MAC) адреса на станицата на мрежата ако е позната нејзината IP адреса.

Сигурност[уреди]

Еден од примарните протоколи на интернетот се нарекува IP, односно Интернет протокол. Тој се имплементира во две верзии: IPv4 и IPv6. Протоколот за интернет-контролни пораки (ICMP) примарно се употребува за дијагностицирање на грешки. Постојат многу различни имплементации на IP протоколите.Протоколот за меџамент на интернет групи (IGMP) се користи од IPv4 домаќини и соседни мултикаст насолувачи за да воспостави мултикастни членства во групи.

Наводи[уреди]

  • RFC 1122, Requirements for Internet Hosts—Communication Layers, IETF, R. Braden (Editor), October 1989
  • RFC 1123, Requirements for Internet Hosts—Application and Support, IETF, R. Braden (Editor), October 1989
  • RFC 791, Internet Protocol (IP), J. Postel, September 1981
  • RFC 792, Internet Control Message Protocol (ICMP), J. Postel, September 1981
  • RFC 950, Internet Standard Subnetting Procedure, J. Mogul and J. Postel, August 1985
  • RFC 1112, Host Extensions for IP Multicasting, S. Deering, August 1989
  • RFC 879, The TCP Maximum Segment Size and Related Topics, J. Postel, November 1983
  • RFC 1108: Internet Protocol Security Options, B. Schofield, October 1989
  • RFC 815: IP Datagram Reassembly Algorithms, D. Clark, July 1982
  • RFC 816: Fault Isolation and Recovery, D. Clark, July 1982


Поврзано[уреди]