Модем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Внатрешен модем од фирмата US Robotics


Модемот (доаѓа од зборовите модулатор-демодулатор) е уред за претворање на дигитален сигнал во аналоген кој може да се пренесува и повторно негово претворање во дигитален. Бидејќи компјутерите работаат со дигитални сигнали (дискретни вредности) а во реалност сите се аналогни сигнали (континуирани) модемот служи за претворување од еден во друг вид со цел за нивно пренесување.

Најпознати видови на модеми се модемите со звучно пренесување што ги знаеме како обични модеми, кои бинарните бројки 1 и 0 ги претвора во звук кој може да се пренесе преку телефонската жица и да се прими од другата страна од друг таков уред кој ќе го претвори во истиот дигитален сигнал. Брзината на модемите најчесто се мери во битови во секунда(bps). На пример 56k модем може да пренесе 56 000 битови во секунда, меѓутоа реалната брзина е послаба од теоретски максималната поради загубите при преносот. Побрзи модеми кои што се користат денес се кабловските модеми и АДСЛ модемите.

Според приклучувањето а и оптоварувањето на компјутерите обичните модеми се делат на внатрешни (кои се напојуваат директно од матичната плоча и се наоѓаат во куќиштето) и надворешни (кои се наоѓаат надвор од куќиштето и имаат сопствено напојување).

Историја[уреди]

Почетоците на модемот датираат од 1950-тите години каде Американската војска ги создала за пренос на воени податоци со почетна брзина од 300bps. Со текот на времето модемот се развивал достигнувајќи брзини од 14.4Kbps во 1980, 28.8 Kbps во 1994, па се до 56Kbps кој бил измислен во 1996-та година.

Кабловски модеми[уреди]

Кабловски модем од фирмата Моторола


Кабловските модеми се тип на модеми што овозможуваат пристап до податоци преку кабловската инфраструктура. Најчесто се користат за пристап до интернет користејќи ги неискористените жици од каблите на кабловската телевизија.

Брзината на овие модеми е доста различна и додека теоретската максимална брзина е 30Mbps реалната брзина која што ја овозможуваат кабловските е од 1 до 8 Mbps за спуштање, и неколкукратна помала брзина за ставање на податоци на интернет. Меѓутоа да се напомене дека брзината на овие модеми доста варира во зависност од вашите соседи (доколку сите се моментално приклучени има ослабување на сигналот),од разни вируси, од грешно конфигуриран рутер, од слаба безжична мрежа па и од староста на вашиот компјутер.

АДСЛ модеми[уреди]

Внатрешен модем од фирмата US Robotics

АДСЛ модем или ДСЛ модем е уред што го поврзува единечен компјутер или рутер со ДСЛ телефонска линија со цел за користење на АДСЛ услуги. Тие како и другите модеми добиваат сигнали кои ги претвораат во дигитален вид.

Работаат на фреквенции од 25KHz до 1MHz се со цел да не се мешаат со обичните гласовни сервиси кои работаат од 0-4KHz. Значи кај обичната телефонска линија звуците на обичните модеми пречат и е невозмоно да се оствари телефонски повик. За разлика од тоа кај АДСЛ модмеите нема никакви звучни пречки.

Брзината на овие модеми варира од неколку стотици Kbps до неколку десетици мегабита во секунда(Mbps).