Селски тутун
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Селски тутун | |
|---|---|
| Nicotiana rustica | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Оддел: | Скриеносеменици |
| Класа: | Дикотиледони |
| Ред: | Зрновидни |
| Фамилија: | Зрнци |
| Род: | Тутун |
| Вид: | N. rustica |
| Биномен назив | |
| Nicotiana rustica |
|
Селски тутун (научно: Nicotiana rustica), во Латинска Америка познат како Мапачо (Mapacho) е многу силна врста тутун. Ова растение се корсити за правење на органски пестициди заради високата концентрација на никотин во неговите листови.
Rustica се користи и за ентеогени цели од страна на јужноамериканските шамани. Расте во дождовни шуми и содржи до 20 пати повеќе никотин од обичните северноамерикански видови како N. tabacum. Најчесто листовите му се ставаат во вода, и водата потоа се инсуфлира; се пуши и во пури, а се користи и како клизма. Исто така е и честа примеса на ајауаската во некои делови на дождовната шума. Овој тутун треба да се употребува многу претпазливо бидејќи никотинот е смртоносен отров, дури и во мали дози.[1]
Надворешни врски [уреди]
- Одгледување на видовите на Никотијана (англиски)