Светска организација на пантомимичари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Светска организација на пантомимичари
лого на организацијата
КратенкаWMO
Основана2004
Видневладина и непрофитна организација
СедиштеБелград, Србија
ПретседателМарко Стојановиќ
Мреж. местоworldmime.org

Светска организација на пантомимичари — организација која делува во насока на промовирање на пантомимата преку поврзување на пантомимичари и театри од повеќе земји и организирање на програми за учество на меѓународни фестивали на пантомимата. Една од главните активности на организацијата е организирањето и поддршката на настани за одбележување на Светскиот ден на пантомимата. Организацијата е основана во 2004 година и е со седиште во Белград. Моментен претседател е Марко Стојановиќ.

Историја[уреди | уреди извор]

Идејата за основање на Светска организација на пантомимичари за поекнува од страна на пантомимичарите Марко Стојановиќ и Офер Блум, кои се запознале во 1998 година додека заедно студирале на Меѓународното училиште за мимодрама во Париз „Марсел Марсо“. Во следните неколку години, оваа идеја останала нереализирана заради презафатеност со обврски во нивните кариери. Во 2004 година, организацијата била конечно основана како невладина и непрофитна организација со седиште во Белград.[1]

Непосредно по нејзиното основање, организацијата започнала со промовирање на пантомимата преку учество на фестивали и соработка со пантомимичари од повеќе земји, а активно се залагала и за прогласување на Светски ден на пантомимата. Така, првиот „Меѓународен ден на пантомимата“ (француски: Journée mondiale du mime) бил одбележан на 22 септември[а] 2011 година, но потоа денот продолжил да се одбележува на 22 март секоја година како „Светски ден на пантомимата“. Светската организација на пантомимичари го смета 22 септември 2011 година за прв Светски ден на пантомимата, а 22 март 2012 година за втор, по што одбројувањето продолжило секоја година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  • а Одредувањето на датумите за одбележување на Светскиот ден на пантомимата е направено во чест на францускиот пантомимичар Марсел Марсо, кој е роден на 22 март и починал на 22 септември.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 World Mime Day — Short history[мртва врска], „Светска организација на пантомимичари“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]