Сатја југа
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Дел од статиите Хиндуизам |
|
| Историја · Божества | |
| Секти · Митологија | |
| Верувања | |
|---|---|
| Реинкарнација · Мокша | |
| Карма · Самсара · Маја | |
| Нирвана · Дарма | |
| Јога · Ајурведа | |
| Југа · Вегетаријанство | |
| Бакти · Арта | |
| Текстови | |
| Упанишади · Веди | |
| Багават гита | |
| Рамајана · Махабхарата | |
| Пурана · Аранјака | |
| Сродни статии | |
| Хиндуизам по земји | |
| Водачи · Мандир · | |
| Касти · Мантра | |
| Речник · Празници | |
| Мурти | |
Сатја југа (деванагари: सत्य युग), наречена и Сат југа, Крта југа и Крита југа во хиндуизмот, е „југа (доба или ера) на вистината“, кога човештвото го водат боговите, а секоја манифестација или работа е блиску до најчистиот идеал. Понекогаш се нарекува и „Златно доба“. Просечен период на сатја југа е 100.000 години. Останатите се: двапара југа, трета југа и кали југа.
Според светите текстови [уреди]
Меѓу четирите ери, сатја југа е најважната, во која владеат знаењето, медитацијата и покорноста. Сите столбови на религијата се целосно присутни. Просечен животен век на луѓето во сатја југа се верува дека е над 100 илјади години. За време на сатја југа, луѓето ќе прават само добри и возвишени дела, и се верува дека ова е време кога „сите луѓе ќе бидат среќни“.
Во Махабхарата е запишано:
[...] нема сиромашни ниту богати; нема потреба од работа, бидејќи сè што им е потребно на луѓето, го добиваат преку силата на волјата; главна доблест е препуштањето на овоземните желби. Крита југа е без болести, без лоши мисли, без тага, без страв. [...]