Сардана (танц)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сардана (кат. Сардана) е традиционален и патриотски народен танц на Каталонија.[1] Го карактеризира коло формирано од играчи кои се држат за раце. Покрај кореографијата, подеднакво важна е и музиката на која танцува, која и самата има симфониска вредност. Ја изведуваат оркестри кои се наречени кобла (кат. кобла). Овој танц го претставува културното наследство на Каталонија и е нераскинлив дел од националниот идентитет на Каталонците.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Изведба на „контрапас“, литургиски танц од 19 век.
Сардана на селскиот плоштад, за време на прославувањето на празникот (околу 1920-1930 година)

Повеќето теории се согласуваат дека сардана води потекло од предримските или грчките танци и дека денешниот танц е интерпретација на „контрапас“ (шпански: contrapàs), литургискиот танц од 19 век. Заслужен за неговата модернизација и популаризација бил музичарот Пеп Вентура, кој во текот на 19 век ја промени структурата на Сардана и вовел оркестар. На почетокот на 20-от век Франческ Камбо (Francesc Cambó i Batlle), лидерот на Регионалистичката лига, каталонската националистичка политичка партија основана во 1901 година,[3] од Сардана направил национален танц на Каталонија. Од Каталонија, овој танц се раширил и станал популарени во Андора.[4]

Симбол на националниот идентитет[уреди | уреди извор]

Изведување на сардана пред базиликата Свети Петар во Ватикан, веднаш откако групата била примена на аудиенција кај папата Јован Павле II.

Пеп Вентура го модифицирал самиот танц и кобла оркестарот што го придружува, особено додавајќи нов дувачки инструмент, тенорот. Сардана стана модерен танц на крајот на 19-от век. Го усвоиле републиканците и веднаш доби политичка конотација. Популарноста на Вентура била пресудна во ширењето на сардана околу Стара Каталонија. Во исто време, од Градскиот совет на Барселона, Франческ Камбо се залагал за тоа да фестивалот Ла Мерс во 1902 година биде годишен фестивал во цела Каталонија, што довело до тоа да танцот се прошири во Нова Каталонија, кога се вообличила идејата за сардана како национален танц. Ла Мерсе (La Mercè) е годишен фестивал (festa major) на градот Барселона. Официјален градски празник е од 1871 година, кога локалната управа првпат организирала свечености во чест на Пресвета Богородица (La Mare de Déu de la Mercè), заштитничката на овој град. Денот на Пресвета Богородица се слави на 24 септември, но свеченостите почнуваат неколку дена порано.[5]

Емоционалната врска помеѓу народот и сардана како симбол на идентитетот била најсилна под репресивните диктатури на Прима де Ривера и Франциско Франко. Тоа било израз на слободата и каталонскиот идентитет, но во исто време и изговор за прогон и репресија на нејзините активисти.[6]

Сардана денес[уреди | уреди извор]

Сардана на градските плоштади - во Каталонија сардана се танцува секаде и сите ја играат

Денес, сардана е најраспространет танц во Каталонија. Годишно се организираат околу 5.000 различни манифестации посветени на овој танц, од собири и јавни танци до танцови настапи, концерти и натпревари на танцови групи и кобла оркестри.[2] Некои од нив се реномирани и имаат долга традиција.[6]

Во 1965 година на ридот над Барселона бил подигнат споменик посветен на овој танц. Тој е дело на каталонскиот вазничар Жозеф Кањас (Josep Cañas i Cañas).[7]

За танцот[уреди | уреди извор]

Еспадрили - традиционални обувки во кои се танцува сардана

Сардана е колективен танц. Танчерите танцуваат во коло (круг), држејќи се за раце. Танчерите се жени и мажи кои стојат наизменично во круг - Помеѓу двајца мажи има една жена и обратно. Кореографијата е поделена на седум или десет тиради, во текот на кои наизменично се менуваат кратки и долги чекори. Музиката која ја придружува сардана ја свират кобла оркестри.[4]

Кобла оркестар[уреди | уреди извор]

Кобла оркестар
Ноти за сардана од 1820 година

Кобла е дувачки музички оркестар кој свири воглавно за сардана танцовите, но и за време на други традиционални каталонски културни манифестации. Модерен кобла оркестар обично има 11 музичари кои свират на 12 инструменти.[8] На настапите седат во два реда, при што дрвените дувачки инструменти се во првиот ред, додека другите (труби, тромбон и фискорн) се во вториот ред. Освен за модернизација на танцот, музичарот Пеп Вентура одиграл истакната улога и во реформата на кобле во средината на 19-от век.[9]

Оркестарот го сочинуваат следниве инструменти:

  • два тибла
  • две тенори
  • еден флабиол кој свири со левата рака, додека со другата рака свири на тамбори, мал тапан прицврстен на левата рака
  • четири каталонски шалмаји (дрвен дувачки инструмент со двојна трска)
  • пет труби
  • еден тромбон
  • две фискорни
  • еден контрабас со три жици[10]

Тибл е дрвен дувачки инструмент кој наликуван на обоа, но со погласен звук. Има двојна трска, конусно тело и е долг околу 50 см. Тој е еден од најкарактеристичните инструменти во кобла оркестарот поради својот остар, високотонски звук, особено погоден за солисти. Музичарите кои свират тибла се нарекуваат тиблари. Во рамките на оркестарот, улогата на тиблата е да го надополни тенорот, па во одредени композиции е многу типично да постои дијалог помеѓу нив.[11]

Тенора е дувачки инструмент кој наликува на обоа со двојна трска. Се смета дека е потомок на шалмаји, средновековен музички инструмент кој се свирел низ цела Европа до 17-от век. Во тоа време, тенора толку се одомаќил во Каталонија што станал еден од најрепрезентативните инструменти на автохтоната музика и вистинска ѕвезда на музиката за танцот сардана. Се верува дека своето име го должи на инструментот од кој што настанал, тенорот шармај. Како и многу други дрвени инструменти во кобла оркестрите, направен е од дрвото на грмушестото растение јујуба (Ziziphus jujuba), кое расте низ Медитеранот. Во кобла оркестарот има две тенори и тие исто така седат во првиот ред. Бидејќи тенора инструментот е со најдлабок тон во оркестарот, седи на десната страна. Верзијата кој се користи денес настанала во средината на 19-от век.[9]

Флабиол е дрвен дувачки инструмент со закосен усник кој припаѓа на семејството на флејти. Тој е типичен инструмент на кобла оркестарот. Музичарот - флабиолер седи на левата страна во првиот ред. Исто така свири и на мал тамбори тапан. На флабиол свири со левата рака, за која му е закачен тамбори, кој го удира со десната рака. Во коблата се користат за традиционални воведни ноти и паузи во сардана. Иако воглавно не игра значајна улога, композиторите често му даваат мали украсни делови или пасажи кои звучат рурално. Во коблата, флабиолерот свири исто така и тамбори и седи лево од првиот ред. Флабиол има многу долга историја во Каталонија. На него свиреле овчарите и е еден од најрепрезентативните инструменти на каталонската народна музика.[12]

Тамбори е ударен инструмент со дијаметар од 8 до 12 см и се свири со една палка. Во кобла, звукот на овој инструмент го придружува флабиол. Необично е тоа што само еден музичар свири на два инструменти: во левата рака држат флабиол, додека во истата рака виси тамбор и се удира со палка која се држи во десната рака.[13]

Фискорн има најдлабок звук од сите лимени инструменти во кобла. Сличен е на труба, но малку поголем и не со толку остар звук. Тој е типичен инструмент во кобла оркестарот. Како и сите други метални дувачки инструменти и тие стојат во вториот ред. Бидејќи инструментите се распоредени според висината на звукот, а фискон го има еден од најдлабоките, тие се на десната страна.[14]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Pictures La Sardana dancing Barcelona“. BarcelonaYellow. Посетено на 30. 6. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. 2,0 2,1 „Sardana - Music and identity in the most popular Catalan dance“. Patrimoni cultural. Посетено на 30. 6. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Regionalist League“. Encyclopaedia Britannica. Посетено на 30. 6. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. 4,0 4,1 „Типични плесови Шпаније: откријте њихове регионалне плесове“. astelus.com. Посетено на 30. 6. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „History“. Mercè. Посетено на 30. 6. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. 6,0 6,1 „Sardanes“. Cultura Popular. Посетено на 30. 6. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  7. „Ла Сардана, Јосеп Цанас, Монтјуиц, Барселона (1965)“. astelus.com. Посетено на 30. 6. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  8. „Cobla“. Cultura Popular. Посетено на 30. 6. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  9. 9,0 9,1 „Tenora“. Cultura Popular. Посетено на 30. 6. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  10. „What is cobla music and cobla band?“. BarcelonaYellow. Посетено на 30. 6. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  11. „Tible“. Cultura Popular. Посетено на 30. 6. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  12. „Flabiol“. Cultura Popular. Посетено на 30. 6. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  13. „Tamborí“. Cultura Popular. Посетено на 30. 6. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  14. „Fiscorn“. Cultura Popular. Посетено на 30. 6. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни извори[уреди | уреди извор]

  • Forn, Eduard Millán. „84th Aplec 2011“. behance.net. Посетено на 30. 6. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  • Gri i Casas, Rossend. „The sardana national dance of Catalonia“. behance.net. Посетено на 30. 6. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)