Самба (танц)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За други значења на Самба, види Самба (појаснување).

Самбата е вид латиноамерикански танц. По своето потекло танцот е африкански, но подоцна е развиен во Бразил. Музиката за самба има карактеристичен ритам создаден од барабани и има 50-52 такта во минута (4/4). Самбата е национален танц на Бразил најголема латиноамериканска земја. На познатите бразилски карневали се играат повеќе варијации на овој популарен танц, со нешто изменети ритми. За да се долови вистинскиот карактер на танцот, танчерот мора да создаде впечаток на лагоден живот полн со забава и флерт. Повеќетo танчери се согласуваат дека самбата го прикажува сексуланиот нагон кај луѓето во својата првобитна (животинска) форма, чија цел е уживање и репродукција, поштедена од лажните цивлизациски правила и лажната куртоазија. Големиот број на фигури во денешната самба се засновуваат на два вида движења: боунце и контракции. Ова е многу тешко, но без овие два елементи танцот губи од својата изворна форма. Исто така, за разлика од другите латино танци каде двојките незачително се движат, самбата е патувачки танц и паровите користат големи делови од подиумот, користејќи се со прошетки, спинови и сл.