Сала на врховната хармонија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Салата на врховната хармонија (太和殿) во средиштето на Забранетиот град

Сала на врховната хармонија (кин. 太和殿; пинјин: Tài Hé Diàn; мак. транскр.: Тај хе диен; манџурски: Amba hūwaliyambure deyen) е најголемата сала во Забранетиот град во Пекинг, Кина. Лежи на централната оска на градот, зад Портата на врховната хармонија. Изградена е врз мермерен подиум на три нивоа, и ја окружуваат бронзени кадилници. Салата на врховната хармонија е најголемата дрвена градби во Кина. Тука царевите на династиите Минг и Чинг одржувале крунисувања и венчавки.

Заедно со Салата на централната хармонија и Салата на одржувањето на хармонијата, трите сали го сочинуваат срцето на Надворешниот двор на Забранетиот град.

Салата на вровната хармонија се издига 30 метри над плоштадот. Ова е церемонијалниот центар на царската власт, и најголемата зачувана дрвена градба во Кина. Долга е девет дората, а широка пет - броевите девет и пет се во симболична врска со величеството на царот.[1] Шесте столба околу царскиот престол се позлатени, и сето окружување е украсено со змејски мотиви. Царскиот Змејски престол има пет змаја обвиткани околу задната страна и потпирачите. Параванот зад престолот има групи од по пет змеја, повторно како израз на симболичните бројки.[2]

На таванот веднаш над престолот стои вграден кесон украсен со обвиткан змеј, од чија уста излегуваат топки во форма на лустер. Овој предмет е наречен „Сјуенјуеново огледало“ и се однесува на Сјуенјуен, Жолтиот цар, легендарниот прв владетел на Кина.[3] За време на династијата Минг тука царот одржувал двор каде се дискутирале државни работи. За време на династијата Чинг царевите правеле вакви собири многу почесто. Како резултат на ова, собирите се преместиле во Внатрешниот двор и Салата на врховната хармонија служела само за свечености, како крунисувања, воведувања и царски венчавки.[4]

Првобитната сала била изграден во 1406 г. за време на династијата Минг и била опожарувана и наново градена седум пати во времето на династијата Чинг. Денешната зграда датира од периодот 1695–1697 г.

Наводи[уреди]

  1. Дворски музеј. „Јин, Јанг и петте елементи на Забранетиот град“ (на кинески). http://www.dpm.org.cn/. конс. 5 јули 2007. 
  2. p 67, Yu, Zhuoyun (1984). „Palaces of the Forbidden City“. New York: Viking. ISBN 0-670-53721-7. 
  3. стр. 253, Yu (1984)
  4. Дворски музеј. „太和殿 (Сала на врховната хармонија)“ (на кинески). http://www.dpm.org.cn/china/c/c2/c2a.htm. конс. 25 јули 2007.