Саева Дупка

Координати: 43°02′49.7″N 24°11′09.7″E / 43.047139° СГШ; 24.186028° ИГД / 43.047139; 24.186028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Саева Дупка
Съева дупка
Внатрешноста на пештерата
МестоПредбалкан, Бугарија
Координати43°02′49.7″N 24°11′09.7″E / 43.047139° СГШ; 24.186028° ИГД / 43.047139; 24.186028
Должина205 м
Откриена1883
Геологијакарст
Пристаппешки
Регистар 33. Саева Дупка

 

Бои во пештерата

Саева Дупка (бугарски: Съева дупка) — карстна пештера во Северна Бугарија во близина на селото Брестница, Ловечка Област. Пештерата природно образувала 400 метри ходници и сали. Благодарение на одличните звучни услови во пештерата, во неа се одржуваат многу приредби на хорска музика.

Саевата Дупка го добила името по двајцата браќа Сујо и Сејо, кои ја користеле како скривалиште за време на отоманската владеење во Бугарија. Неодамнешните ископувања покажале дека пештерата била населена уште во римско време.

Саевата Дупка е една од 100-те туристички знаменитости на Бугарија.

Откривање и истражување[уреди | уреди извор]

Професорот Георги Златарски првпат ја истражувал пештерата во 1883 година, а браќата Карел и Херман Шкорпил десет години подоцна. Првото сериозно истражување и картирање го направиле на 20 и 21 август 1932 година Н. Атанасов и Д. Папазов, а од 10 до 13 јули 1935 година А. Стефанов и Н. Атанасов. Повторно била истражена во 1949 година од страна на спелеолошката бригада на Т. Павлов. Детални геоморфолошки проучувања биле извршени во 1968 година од страна на Вл. Попов од Географскиот институт на БАН.

Заедно со Јагодинската Пештера (бугарски: Јагодинска пещера) се смета за една од најубавите пештери во Бугарија. Најголемиот сталактит во него има обем од 60 метри. Просечната температура во пештерата е 7-11 °C, влажноста - помеѓу 90 и 98 %. Влезот е на 520 мнв. Долга е 205 метри, а реката тече 70 метри под земја. Се проценува дека е стара околу 3 милиони години.

Единствена е и по своите бои - зелена, кафена и бела. Во неа има сталактити, сталагмити, сталактони, хеликотити и дендрити.

За време на истражувањето на пештерата, биле пронајдени животински коски, керамика и монети од времето на римскиот цар Марко Антониј.

Сали[уреди | уреди извор]

Купена

Пештерата има пет сали и неколку галерии, чии имиња се:

Купена (копа, стог) – прва сала по влезот во пештерата. Мала е и именувана е по голем сталагмит кој изгледа како стог сено.

Срушен сталактит во облик на топ

Урнатината – втора сала по влезот. Во 1893 година, во ова област на Бугарија се случил силен земјотрес, кој предизвикал отцепување на многу од сталактитите во салата. Еден од сталактоните при рушењето се скршил и добил облик на топ. На таванот се гледаат новообразувани мали формации.

Концертна сала или Харамана – трета од влезот; поради рамниот под и одличната акустика, се нарекува и Концертна сала. Во неа пееле Емил Димитров, Лили Иванова, хорот на рударите од Донбас, детскиот хор на Бугарското национално радио и други. Во оваа сала може да се видат единствени природни формации - хелицити. Тие личат на корали и се создадени од воздушна струја која носи капки вода кои течат од таванот на страна.

Космос – така наречен поради сталактитот сличен на ракета. Во оваа сала може да се видат Снежана и седумте џуџиња.

Белиот замок

Бел замок – салата е така наречена поради огромниот сталактит во облик на замок.

Лилјаци во пештерата Саева Дупка[уреди | уреди извор]

Со набљудување и фаќање со мрежи на влезот, било откриено дека најмалку 8 видови лилјаци ја користат пештерата во различно време:[1]

Шесте вида пронајдени во пештерата Саева Дупка се меѓу загрозените видови кои имаат првенство за зачувување во цела Европа. Затоа, пештерата е важно место за зачувување на популациите на лилјаци во регионот.

Туризам[уреди | уреди извор]

Пештерата Саева Дупка е една од стоте национални туристички места на Бугарската туристичка асоцијација, таа е наведена под бројот 33.

Во 1962 година, пештерата била прогласена за природна знаменитост.

Во 1967 година била уредена и електрифицирана.

Во 1990 година била затворена, опустошена во 1996 година и повторно отворена во 2004 година. Денес со неа управува Бугарската туристичка асоцијација.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]