Рудинско кале

Координати: 40°55′21″N 22°06′39″E / 40.9224° СГШ; 22.1108° ИГД / 40.9224; 22.1108
Од Википедија — слободната енциклопедија
Рудинско кале
Καλές του Ρούδινου
Карта
МестоРудино, Мегленско
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати40°55′21″N 22°06′39″E / 40.9224° СГШ; 22.1108° ИГД / 40.9224; 22.1108
Видтврдина
Историја
Раздобјежелезно, хеленистичко, ранохристијанско

Рудинско кале (грчки: Καλές του Ρούδινου, Κάστρο Αλώρου) — античка утврдена населба над селото Рудино во Мегленско, Егејска Македонија.[1][2][3]

Ископувања[уреди | уреди извор]

Населбата е откриена во 1913 г., веднаш по припојувањето на Егејска Македонија кон Грција, од истакнатиот грчки археолог Николаос Пападакис.[1] Понатамошни ископувања се вршени во 1986, 1993[3] и 1996 г., но прилично делумно.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Наоѓалиштето е сместено на југ-југоисток од Рудино, на рид во меандер на реката Мегленица, која го оградува од север, исток и југ. Ридот дава поглед на целата котлина Мъглен и од него се контролира влезот во котлината и комуникациите меѓу јужните и источните краишта по реката.[1] Населбата веројатно ги експлоатирала околните наоѓалишта на бакар, железо и злато.[3]

Тврдината претрпела значителни штети, особено кај бедемот. Била населена од доцното бронзено време, па сè до постримското (ранохристијанско) време.[1]

Во југозападниот дел на ридот, внатре зад ѕидините се откриени гробови од железно време, склад за питоси, работилница и голем број тегови за разбој кои датираат од развиениот хеленистички период. Бедемот датира од ранохристијанско време, изграден врз претходно постоечки ѕидини. Изѕидан е од камен, фрагменти од ќерамиди и тули од градби од порани периоди со малтер. Западната ѕидина е долга 155 м и ширината во последниот постримски период изнесува 2,10 м на југ и 1,40 м на север. Во западниот дел ѕидовите надминуваат 5 м во висина. Влезот е во облик на двојна ниша на издолжено П со големина 7,00 x 7,80 м. Во влезот е употребен варовник од Воденско, како и месен вулкански камен. Во просторот заграден од ѕидините се откриени остатоци од населба од железно време.[1]

При ископувањето се пронајдени македонски и други монети од IV – II век п.н.е. Многу од монетите се на Александар III Македонски со неговия портрет од едната страна и коњот Букефал од другата.[3]

Препознавање[уреди | уреди извор]

Откривачот на населбата Николаос Пападакис уште во 1913 г. ја поистоветил со античкиот град Европ.[4][3] Европ заедно со Орма и Апсал е еден од трите града во Алмопија споменати од Клавдиј Птолемеј во II век.[5]

Согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија, во 1922 г. Рудино е преименувана во Алорос според името на античкиот град Алор во древномакедонската област Алмопија, споменат во пловидбениот патопис на Псевдо-Скилакс: „Првиот град на Македонија е Хераклион, потоа Дион, Пидна, Метоне и реката Халијакмон, градот Алор и реката Лидија, градот Пела со царскиот дворец во него до кој се стасува по реката Лидија. Потоа е реката Аксиј, реката Ехедор, градот Терме, Енеја“ (67).[1] Според некои стручњаци, калето е Алор.[6]

Во 1998 г. наоѓалиштето е прогласено за заштитен археолошки споменик.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Αρχαίος οικισμός Αλώρου“. Βάση Δεδομпокроителένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας - Lhi-Lna. Архивирано од изворникот на 2018-05-01. Посетено на 1 мај 2018.
  2. 2,0 2,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/58165/3458 π.ε./19-6-1998 - ΦΕΚ 690/Β/8-7-1998“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2023-02-18. Посетено на 1 мај 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Τοπική Κοινότητα Αλώρου“. Δήμος Αλμωπίας. Посетено на 17 јуни 2014.
  4. „Κάστρο Χρυσής“. Βάση Δεδομένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας - Lhi-Lna. Архивирано од изворникот на 2018-04-03. Посетено на 1 мај 2018.
  5. „Αρχαίος οικισμός Αψάλου“. Βάση Δεδομένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας - Lhi-Lna. Архивирано од изворникот на 2018-06-24. Посетено на 1 мај 2018.
  6. „Άλωρος“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Архивирано од изворникот на 2022-12-07. Посетено на 17 април 2022.