Роналд Дворкин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Роналд Дворкин
Западна философија
Философија на 20 век
Философија на 21 век

Роналд Дворкин на Brooklyn Book Festival.
Цело име Роналд Дворкин
Школа Правна философија, Политичка философија
Значајни идеи law as integrity, fit and justification in law, right answer thesis, legal interpretivism

Роналд Дворкин (англиски: Ronald Dworkin) е роден на 11 декември 1931 год во Ворчестер, Масачусетс. Бидејќи дипломирал на Оксфорд, студиите по право ги завршил исто така и на Харвард во 1953 година. Пред да стане професор, работел неколку години во правосудството, прво како приправник на судијата Лернд Хенду, а потоа во њујоршката адвокатска канцеларија Саливен и Кромвел. Во 1963 година се вработува како професор по право на универзитетот Јејл. Во 1969 година преминува на Оксфорд, каде ја наследува катедрата на професорот Херберт Харт, а колеги му се познатите правници Џон Финис, Нил Мекормик и Јозеф Раз. 1975 година станува на Универзитетот на Државата Њујорк каде што е и ден денес, а вонредно предава и на други универзитети.

Дела[уреди]

Филозофите и правните мислители веќе со години пробуваат да го дефинираат поимот право. Плурализам идејата за правото и неговата улога во човечкото друштво го прави овој поим уште повеќе нејасен. Во последните 2 века теоријата и философијата на правото доживеаја дијаметрална трансформација, од строг позитивизам до посткритични правни студии. Роналд Дворкин зазема важно место во мислите за правото, градејќи идеи за правото како интегритет заснован на принципи, интерпретации, мислите за државата, моралот и легитимитетот на законот.

Времето во кое работел Роналд Дворкин го претставува во американската теорија за право, нови правности и моралности. После конзервативниот традиционализам кој владеел во правото во почетокот на 20 век, доаѓа Дворкин кој со своите либералистички визии ја менува теоретската карта на правото. Воведува помалку заборавени термини на етика и политика, Роналд Дворкин станува дел од новиот бран правни мисли кои во голема мера влијаат на животот во САД и светот, а со самото тоа доаѓа до глобален развој на свеста за човековите права. Најмногу сето ова се гледа во САД, каде што конечно доаѓа до правно изедначување на белата и црната раса. Падната е во вода доктрината “одвоено а еднакво” (separate but equal) која ги одвојуваше белците и црнците. Се раѓаат нови правци на размислување во кои се зборува за етика и естетика во правото и правото на правниот текст.

Дворкин е прочуен по критиката на Хартовиот позитивизам, која во целост е содржана во книгата Царство на Правото. Дворкиновата теорија е интерпретативна. Он смета дека правната норма мора да има соодветна институционална поддршка. Најзначајниот критичар на позитивизмот, таа теорија ја отфрла во секој нејзин облик, отфрлајќи ги мислењата за постоењето на општата теорија и содржајното право. Според Дворкин, теорија на правото треба да биде онаа теорија која кажува како случаите треба да бидат решени. Таа почнува со еден апстрактен идеал за регулирање на условите под кои државата треба да ја користи силата над граѓаните.

Идејќи подалеку од позитивизмот, Дворкин нагласува дека моралните принципи кои се одговараат на претходната судска пракса, всушност се самите одредби на законот. Судиите, за да ги применат овие принципи го интерпретираат правото, а предвид го имаат најдоброто објаснување и оправдување на претходната судска пракса. Во внатрешноста на својата теорија Дворкин ја цитира пресудата донесена од судијата Ерл во еден од неговите случаи “Она што е во намерата на законодавецот е исто така содржано и во законот, како што е и содржано во самиот анекс на законот, а она што е анекс на законот не е закон, а намерата не била на неговиот создавател”. Ваквото флексибилно размислување за законскиот текст, Дворкин го обработил во низ својата теорија за правни норми, правни дупки и моделот на принципот во правото.

Теза на правиот одговор[уреди]

Една од најсомнителните и најконтроверзни тези на Роналд Дворкин е дека постои само еден вид на одговор во сите случаи. Како пример го земал имагинарниот судија Херкул,идеален судија, кој ги познава сите правни извори и е исклучително мудар. Водејќи се по премисите дека правото е една огромна мрежа, Херкул мора да ја изгради теоријата која најмногу одговара и го оправудва правото како целина, интегритет, за да може на праведен начин да го реши секој поединечен случај. Однесувајќи се така, Херкул секогаш доаѓал до вистинскиот одговор.

Дворкиновото сфаќање на правото е еден од модерните пристапувања на проблемот за дефиниција на правото. Роналд Дворкин правото го гледа како кохертна целина и интегритет, а човековите права според него единствено може да се засноваат на принципи. Инаку термините “интегритет” и “принципи” не се толку невообичаени за правната теорија.

Принципи[уреди]

Оддалечувајќи се од тезата на позитивизмот, моралните принципи Дворкин ги смета како најважниот облик на позитивното право. Во неговата визија, принципите дури и ги преземаат постоечките правни одредби (во евроконтиненталниот систем на правото) и претседателот (во англоамериканскиот). За да ги откријат и применат овие принципи, судовите го интерпретираат правото на начин кој најмногу одговара на важечките закони во пракса. Секоја интерпретација мора да се базира на правни норми, а нејзината задача покрај останатото, е и да ја искристализира судската пракса, односно да може да се спроведува во слични предмети во иднина. Од овие и слични објаснувања, Дворкин смета дека праведноста и моралноста не можат да се одвојуваат од правото, како и тоа дека строгата конструкцинистичка теорија на правниот систем и објаснување на уставот некохертни. Дворкиновите сфаќања на правото треба да се гледаат низ призмата на Русовата природоправна теорија на правото. Освен тоа, печат на неговата работа дале и Херберт Харт, Јигрген Хабермас и Џон Ролс .

Остварување на индивидуалните права[уреди]

Вовед[уреди]

Премиси: индивидуата не ги вади своите права и граѓанската слобода надвор од државата, него тие се независни од државата; државата и заедницата не се еманација на “народниот дух”, граѓаните, односно нејзините членови, туку збир на индивидуи.

За да го сфатиме Дворкиновото несложување со првата негативна премиса, идејата на државата и животот во заедница мора да се гледаат низ призмата на моралниот релативизам:

За да го разбереме Дворкиновото сфаќање, потребно е да се потсетиме на Аристотеловата теорија која кажува дека вредноста е услов за среќата на човекот, т.е. дека мора за се да се најде баланс, односно мера; потоа утилитаристичките теории кои го изедначуваат моралното со корисното, односно кога човекот ќе направи нешто со кое задоволна ќе биде заедницата, а и самиот тој; како и конвенционалистичките теории кои инсистираат дека моралноста е почитување на традициите, праксите, односно обичаите кои важат во заедницата каде што поединецот живее.

Меѓутоа, Дворкиновата теорија не наликува на ниту една од споменатите. Он кажува дека моралноста треба да се разликува од праведноста и правото. Сепак, Дворкин воведува една занимлива поделба на јавна и приватна моралност. Постојат разни несогласувања во друштвото за разни морални односно етички прашања, тоа го зборуваат и разликите во правните регулативи. Во Ирска продажбата на презервативи, како најраспространети средства за контрацепција е забранета, додека од другата страна Холанѓаните се многу полиберални во однос на некои спорни прашања, како што се употребата на “лесни” дроги, проституцијата, еутаназијата и сл. Меѓутоа, постојат голем број на групации кои наметнуваат поинакво гледање на моралностите, односно што е исправно, а што не е. Според Дворкин, она што е диктирано од лицата кои сакаат да бидат суверени, од одредени владејачки групи или елити, има најмала врска со моралноста, т.е. таквите наметнувања на “моралните гледишта” прераснуваат во реторика и тиранија.

Валидноста на популарниот, односно јавниот морал не е спорна. Популарниот морал, односно мислењето на мнозинството на заедницата, не може да се изедначи со правото, а тоа е повеќе од очигледно. Меѓутоа, правото зависи од популарниот морал, а значаен дел од правото мора да се потпира и на поединечниот морал на индивидуата. Прав одговор на прашањето што е морално, а што не на Дворкиновата теорија моментално не постои. Можеби во иднина ќе се пронајде одговор, затоа што и моралот се менува, и тоа не само моралот на заедницата, туку и моралот на поединецот во текот на неговиот живот.

Меѓутоа, се доаѓа до прашањето, како законодавецот во текот на формирањето на правните норми доаѓа до моралниот суд на идните правни норми. Он сепак, мора да го прифати кое го презентира заедницата. Но ако законодавецот добива информации за тоа мислење, денеска кога е непосредна демократија, не е возможно да се провери јавното мислење за идните правни норми. Неговата основа е во интимниот став на законодавецот.

Објаснување на уставот во склад со моралот[уреди]

Дворкин набљудувајќи го уставот (првенствено мислејќи на Уставот на Сад ,и дали е неговото размислување ќе биде применливо и на други устави ),како збор на индивидуални права кои се искажани во уставот на апстрактен или опиплив начин. Првиот амандман на САД им гарантира на граѓаните слобода на говорот,во весниците религијата,кон обраќањето кон власта. Меѓутоа прашањето како да се примени оваа норма сѐ уште останува неодговорено .Дали слобода на говорот и весниците подразбира и во порнографијата подеднаква слобода исто така остри политички критики и слично. Дворкин им остава на судиите да оценат во конкретниот случај што е морално, а што не е. Дворкин поради овој став доста долго бил на мета на критичарите, бидејќи голем број на судии и политичари како и правници воопшто сметаат дека не треба да се мешаат уставот и моралот .а и поради тоа што судиите добиваат поголема моќ и тоа на грбот на законодавното тело, директно избрано на парламентарните избори.

Сепак тој е единствениот начин постепено да се одговори на динамичниот правен живот, бидејќи конзервативниот парламент како што им е на сите јасно не е во состојба да се фати во костец со постојаните динамични прашања кои непрекинато се поставуваат.

Зачувување на автентичноста на индивидуата во заедницата Според Дворкин заедницата претставува ентитет која има одредено ниво на персонификација али не толку како кај метафизичарите на пример. Дворкин на ја застапува тезата за заедницата која постои како посебна личност,реален ум, кој има свој сопствен интерес, живеалиште дури и сопствена благосостојба. Може да се каже дека тој ентитет поседува одредено морално дејство и одговорност над членовите на заедницата. Меѓутоа тоа морално дејство не се изедначува со популарниот поим на моралот. Заедницата има свои принципи кои можат но и не мораат да се почитуваат. Заедницата според Дворкин се базира на интерпретација и комуникација. Не е случајно што латинските зборови communitas и communication имаат исти корени. Јазикот е тоа нешто што е заедничко на сите членови на една заедница и тој е единствениот пат за влез во заедницата .Комуникацијата е исто така битна компонента која поединецот го прават авторитативен бидејќи ги интерпретираат случувањата на различни начини Соговорниците притоа можат да ги оспоруваат меѓусебните изјави, додека комуникацијата води до социјални конвенции и друштвена согласност. Од комуникацијата во заедницата Дворкин заедно со Чарл Тејлор развива веќе спомнатата идеја за автентична личност-членовите на заедницата.Тие не сакаат да ги гледаат според нивните социјални улоги. Но тоа е императив,како да се наоѓаат во капиталистичко ориентирано друштво. Меѓутоа, идеалот на автентичноста, прогаогањето на идентитетот односно оригиналниот пат и причината за постоењето не може да биде создаден одвнатре односно со внатрешниот дијалог помегу индивидуите, бидејќи човечкиот живот е суштински посебен по својот фундаментален дијалошки карактер.

Дворкиновото гледиште за заедницата како и тејлоровото се засноваат на Хабермасовата теорија за комуникациија. Да биде една заедница успешна ,членовите мораат да имаат свои изворни морали и политички ставови, недиктирани од страна на заедницата.

Извор на индивидуалните права и плурализам на демократските општества[уреди]

Живееме во една доба во која се појавува една низа на осудување на сите човечки права ,доба која во повеќе кругови делува доста изопачено. Општата тенденција на полето за човечките права е во дерегулација од страна на државата,односно саморегулирање. Ваквиот став според Дрокин како и според Томас,Најџел, Џон Ролс ,Џудит Џарвис, Томпсон и др. Тие се држат до тезата дека изборот за индивидуалните права се наога во склопот на автономијата на секој поединец, додека од неговите морални убедувања и достоинство зависи дали тоа право ќе го искористи (како што е правото за брак помеѓу хомосексуалците). Дворкин ја критикува положбата кои ја имаат човечките права и градската слобода во азиските земји на пример во Кина –Мао Це Тунг ,тамо е слободата за писхување тотално ограничена. Азиските политичари на тоа реплицират со тоа што кажуваат дека станува збор за различен вредносен систем за разлика од западниот кои патем го нарекуваат егоистичен систем. исто така нагласуваат дека во азиските системи поголема вредност имаат заедничките работи, како и колективните цели и дека постои таква култура каде што секој се залага за постигне поголемо општо добро.

Дворкин не попушта и понатаму тврди дека граѓаните се тие што треба да одлучат какви се вистинските вредности на едно друштво (заедница) и ја отфрла тезата за културниот империјализам на западот особено на САД. Проучувајќи ги и оправдувајќи ги човековите права, Дворкин додава дека нема ни универзални системи ни систем на вредности кога се во прашање човечките вредности, тие немаат никакво оправдание кое може да биде универзално, тие постојат само по себе, не постојат ни поради некој друг ни поради државата ниту поради правниот систем, туку правото и државата постојат за нивно остварување на човечките права и поради самиот човек. Понатаму Дворкин ја подржува и теоријата за правниот плурализам, развиен од страна на првите правници-мислители на природното право. Во неа природното право е прикажано како независно од државното а поголемо е и од него по ранг. Спрема таа теорија, творецот на правото е секоја заедница не само државата. Тоа е внатрешно право на заедницата или социјално право на претходните групи на една организација, како и уредување на еднаквост, а не на хиерархија.

Меѓутоа поради поврзаноста на либерализмот и егалитаризмот, Дворкин се најде на удат на критичарите ,бидејќи центрана идеа на либерализмот е либерална заедница, но заедница заснована на активни членови, каде што поединците се борат за својата позиција и не се поистоветуваат со останатите.

Права на владата[уреди]

Во современите државни поредоци важи едно правило каде “nuldum cimen sine lege, nula poena sine lege” како и принципот на права на владата (Rule of law) кој ги ограничува постапките не само на граѓаните туку и на власта како и на правото. Меѓутоа Дворкин тврди дека смислата на сите максимуми не е у заштитата на граѓаните ,туку во обезбедување на дтрога координација на активностите на граѓаните за општествена корист . Инаку државите прифаќаат индивидуални права како и прифаќаат и две идеи кои се строго врзани со нив , а тоа се човечкото достоинство и политичката еднаквост. Со самото тоа се доаѓа во конфликтна ситуација, бидејќи ќе се појават некои закони кои нема да одговараат на совеста на индивидуата ,односно работи кои се косат со неговите човечки права. Индивидуата е принудена да бира помеѓу кривично гонење и мирната совест со едно кршење на некој член од законот,а спротивно од неговата свест од другата страна. Во друг случај кога индивуидуата ќе го испочитува законот нема да може да живее со тоа односно човек не може да иде против својата совест . Затоа е многу битно да секој човек во склад со своите загарантирани права да постапи на правилниот начин, бидејќи ако е од ова спротивно тоа води кон граѓанска непослушност. Државата која ги гарантира индивидуалните права а почива на правата од владата, според Дворкин е неискрена и не ги почитува човечките права.

Легитимитетот на државата и нејзиниот закон[уреди]

Дворкин под оваа теза смета дека една држава е легитимна толку колку нејзините грагани во својата свет имаат обавеза за да ги почитуваат прописите и политичките одлуки кои таа ги донесува.

Меѓутоа што ако некој граѓанин не гласал за некоја одлука на која и се приморува да мора да ја исполни? Одкаде на државата право да го принудува во тој случај ? Во суштината на правото стои моралот. Меѓутоа нема Согласност околку прашањето кој ги создава мораслните права. Кант смета дека тоа е заедницата а Дворкин дека тоа е поеднинецот. Правните норми би морале да се морални за да имаат правна сила. На Дворкин не му се допаѓа идејата за општата и апстрактната стана на теоријата за легитимитетот. Тој е единствениот реален поим пред се затоа што е индивидуален реален поим, со свои права и слободи. Решението во врска со прашањето за легитимитетот, Дворкин нуди едено решени каде што државата би требала пред сите граѓани да постапува еднакво. Вистината е дека ова е тешко одржлива теза ,но ни граѓаните не се тука без некои задуженија. Интегитетот бара од секој граѓанин да го прифати тоа што се бара од него како и да побара од другите тоа што му припаѓа.

Дворкиновото сфаќање за демократијата[уреди]

Дворкин и Хабермас во врска со прашањата за демократијата делат навидум исти мислења , а се сложуваат на она што се однесува на критиката на другите мислители на оваа тема, а тука е и концтитуционалната концепција за демократијата, која е плод на нивната работа, може само да се нарече истовремено и по името на овие двајца мислители ,Д воркинова и Хабермасова конституционална концепција за демократијата.

Генерално гледано демократија е вештина на владата. Меѓутоа оваа концепција има бојни недостатоци бидејќи оваа влада може многу брзо да прерасне во тиранија на мнозинството. Дворкин и Хабермас гледаат решение во конституционалната заштита на индивидуалните права. Тоа е најдобрата заштита од тиранијата на мнозинството. Оваа концепција ги спојува правото на мнозинството и индивидуалните права на сите граѓани и го создава идеалното оружје за заштита на човечките права и принции на сите граѓани.

Исто така еден од важните постулати на Дворкиновото гледање на демократијата е принципот на независност. Членовите на заедницата чии што израз на волја ја претставува власта, мораат да ја задржат својата самоволност и независност во поглед на политичкиот морален став. Политичките одлуки кои ги донесува власта мораат да произлезат од народот инаку таквата власт нема легитимитет. Низ овој принцип поминува и заедничката Дворкинова и Хабермасова концепција на еднонародност на јавната и приватната автономија.

Објективност и вистина: Подобро би било да верувате[уреди]

Содржина: Авторот го застапува гледиштето дека вредносните ставови се објективно вистинити или невистините. Он го разликува интерниот вредносен скептицизам, потоа скептицизмот кој одреден број начела ги отфрла заради некој друг, од т.н. архимедов вредносен скептицизам кој ја отфрла објективноста на сите морални начела и развива метатеорија за причините на нивната субјективност. Авторот на архимедовиот скептицизам одрекува неутралност и строгост – он не е неутрален зашто за него не може да се одбрани пресудната дистинкција помеѓу метатвдењето за вредносните ставови како и за самите ставови, со оглед на тоа дека метатврдењата само го објаснуваат етичкиот исказ. Меѓутоа, архимедовиот скептицизам не е ни строг затоа што одбранбените аргументи не се различни од моралните убедувања и претставуваат причина за отфрлање на етичкиот универзализам, како и тоа дека не постои директна врска помеѓу познавањето на одреден идеал и неговата мотивирачка сила. Во заклучокот авторот наведува интерен скептицизам, кој го смета за единствено релевантно гледиште. Клучни зборови: скептицизам, архимедов скептицизам, неутралност, строгост, објективност, ставови на првиот и вториот ред.

Заклучок[уреди]

Почетните децении на XX век,во правната философија на САД владеело едно традиционално повиско право со Остин и Бентам. Мултидициплинираното согледување на правото е како и негово поврзување со општествените факти и идеологијата кое е невозможно.

Дворкиновото ступање на теоретската сцена на правото значело раскинување на традиционалните правни мисли. Тој ја во ведува во правото помалку заборавените термини – етника и политика. Правото постанува не само јавна туку и приватна работам па доага до експанзија на полето на човечките права ,што е изразено не само во мирнодобската доба,туку и во војната,како и во развојот на мегународните хуманитарни права. Но Дворкин во главно е теоретичар во право време ,во времето на мирот ,т.е за неговиот придонес се гледа во развојот и почитувањата на човечките права од стана на државната власт со ограничена државна самоволност и влијание на поединците. Тој со своето дело “Суштина на индивидуалните права “ ќе покрене некои прашања ,но и не дава многу одговори во врска со оджувањето на индивидуалните права кои се загарантирани од стана на државата,т.е интерпретација на правата ,поготово на уставот на начин кој повеќе би одговарал на современиот човек и кој во голема мера ги штити неговите индивидуални права. На крајот да додадам дека Дворкин успеал со своите дела да допре и да одговори на голем број актуелни прашања на полето на политиката али не сите да ги одговори. Меѓутоа сигурно успеал да заокружи еден свој философски систем на сите коим тоа им одговара.

Литература[уреди]

  • НАРАНЧИЋ, Биљана „Схватање o праву Роналда Дворкина“, Нови Сад, 2004.
  • ДВОРКИН, Роналд „Суштина индивидуалних права“, Београд, Подгорица, 2001.
  • ДВОРКИН, Роналд „Царство права“, Београд, 2003.
  • ЂУРКОВИЋ, Миша „Поредак, морал и људска права“ Београд, 2001.
  • Professor Dworkin's Profile at University College London
  • Professor Dworkin's Home Page at New York University
  • Carnegie Council transcript of Dworkin on Is Democracy Possible Here? Principles for a New Political Debate
  • Stanford Encyclopedia Entry on Interpretation and Coherence in Legal Reasoning, by Julie Dickson
  • Stanford Encyclopedia Entry on Interpretivist Theories of Law, by Nicos Stavropoulos
  • NYU Law Faculty Profile

Надворешни врски[уреди]