Робер Дуано

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Робер Дуано

Дуано во неговото студио во Монруж, 1992
Роден(а) Робер Дуано
Robert Doisneau

14 април 1912(1912-04-14)
Жантији, Париз
Починал(а) 1 април 1994(1994-04-01) (на 81 год.)
Монруж, Париз
Причина за смрт Акутен панкреатит
Почивалиште Резу
Националност Французин
Образование Ecole Estienne, дипломирал во 1929
Занимање Фотограф, резбар
Познат(а) по Улична фотографија, (Le baiser de l'hôtel de ville (Бакнеж кај градското собрание))
Звање Chevalier de la Légion d'honneur
Сопружник Пјерет (моминско презиме Шомезон)
Деца Анет (р. 1942)
Франсин (р. 1947)

Робер Дуано (француски: Robert Doisneau; француски изговор: [ʁɔbɛʁ dwano]) (14 април, 1912 – 1 април, 1994)[1] бил француски фотограф. Во 30-тите години од 20 век, користел фотоапарат Leica на улиците на Париз. Заедно со Анри Картие-Бресон, тој е пионер на фотоновинарството.[2] Познат е по неговата слика од 1950 година насловена „Le baiser de l'hôtel de ville“ („Бакнеж кај градското собрание“), фотографија на две личности кои се бакнуваат на улиците на Париз. Во 1984, Робер Дуано ја добил титулата Chevalier de la Légion d'honneur (витез).[1]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Лин Ворен (Lynne Warren) (2006). „Encyclopedia of 20th Century Photography“. CRC Press. стр. 413–. ISBN 978-0-415-97665-7. http://books.google.com/books?id=YeK7FXhKrw0C&pg=PA413. конс. 14 април, 2012. 
  2. W. Scott Haine, Culture and Customs of France (London Greenwood, 2006), стр. 289

Надворешни врски[уреди]