Ристо Митрески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ристо Митрески
Роден 1922 година
Малкоец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал мај, 1944 година
Завој (село), Охридско, Македонија
Националност Македонец

Ристо Мисајлев Митрески ( 1922 во Малкоец, Кичевско1944 во Завој (село), Охридско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен обележје за паднатите борци и цивилни жртви во и од Малкоец, меѓу кои е ѝ името на Ристо Митрески.

Животопис[уреди | уреди извор]

По завршувањето на основното образование, немал можност да се школува ѝ останал да се занимава со земјоделство и сточарство. Како напреден младинец бил опфатен од Мирко Милески уште во есента 1942 година, бидејќи биле школски другари. Во пролетта 1943 година, заминал партизан во Кичевско-мавровскиот одред, а потоа во Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата учествувал во борбите низ Егејска Македонија и во Богомилскиот поход во февруари 1944 година, каде доста се истакнал и бил назначен за политички комесар во вод. Враќајќи се од Егејска Македонија загинал во борба со бугарските окупатори во мај 1944 година кај селото Завој - Охридско.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 84.