Рио Гранде (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Рио Гранде“филм на режисерот Џон Форд (John Ford) од 1950 година, снимен по сценариото на Џејмс Кевин Мекгинис (James Kevin McGuinness) и Џејмс Ворнер Бела (James Warner Bellah). Главните улоги ги играат: Морин О’Хара (Maureen O'Hara), Џон Вејн (John Wayne), Бен Џонсон (Ben Johnson), Хари Кери Помладиот (Harry Carey Jr.), Клод Џармен Помладиот (Claude Jarman Jr.) и Чил Вилс (Chill Wills). Филмот, кој е заснован врз романот „Мисија без запис“ (Mission With No Record), е третиот вестерн од Фордовиот „Циклус на коњаницата“. Покрај одличниот приказ на воената атмосфера, филмот успешно ги прикажува и психолошките односи меѓу членовите на едно пропаднато семејство. Како и повеќето други Фордови вестерни, и овој е снимен во убавата природа на Моњумент Вели во државата Јута.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

По завршувањето на Американската граѓанска војна, Унијата војува против Апачите. Офицерот Кирби Јорк (го игра Вејн) е заповедник на војската распоредена на реката Рио Гранде. Во неговиот одред пристигаат нови војници, а меѓу нив е и неговиот син (го игра Џермен) кого не го видел 15 години. На почетокот, Јорк постапува грубо со синот, но ненадејно се појавува неговата мајка (ја игра О’Хара) која сака да го земе синот со себе. Така, момчето треба да одлучи дали ќе остане во војската или ќе замине со мајка си. Иако животот ги разделил така што не се виделе долго време, средбата на Јорк и неговата поранешна сопруга кај двајцата ја буди љубовта и тие одлучуваат повторно да започнат заеднички живот. Во тие околности, Јорк мора да се соочи со престојната решевачка борба против Апачите, но и да мисли на своите најблиски...

Наводи[уреди | уреди извор]