Ретски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ретски јазик
Застапен во Ретија
Подрачје Источни Алпи
Изумрен 3 век
Јазично семејство
непознато, најверојатно тиренски
Јазични кодови
ISO 639-3 xrr
Linguist xrr

Ретскиот е исчезнат јазик кој се зборувал во стариот регион Ретија, на Источните Алпи. Јазикот се зборувал пред и за време на Римската Република. Јазикот е документиран преку мал број кратки натписи, кои се пронајдени во Северна Италија и Западна Австрија. Јазичната класификација на јазикот не е јасна, и јазикот покажува збунувачка мешавина на, како што се верува, етрурски, индоевропски и најверојатно други јазици.

Ретскиот јазик не е исто со денешниот реторомански јазик, иако дел од имињата се исти.

Класификација[уреди]

Најсоодветните класификации за јазикот се дека:

  • тој е дел од едно јазично семејство заедно со етрурскиот јазик, наречено тиренски јазици. Овие јазици најверојатно биле под влијание на индоевропските. Неколку публикации го потврдуваат ова гледиште,[1]
  • тој сочинува независна грака од индоевропското јазично стебло,
  • тој е јазичен изолат кој подоцна потпаднал под етрурско влијание.

Поврзано[уреди]

Портал „Јазик

Наводи[уреди]

  1. Rix 1998, Schumacher 1998

Литература[уреди]

  • Morandi, Alessandro. (1999). "Il cippo di Castelciès nell’epigrafia retica" (Studia archaeologica, 103). Rome: Bretschneider
  • Prosdocimi, Aldo L. (2003-4). "Sulla formazione dell'alfabeto runico. Promessa di novità documentali forse decisive". Archivio per l'Alto Adige 97-98.427-440
  • Rix, Helmut. (1998). Rätisch und Etruskisch (Innsbrucker Beiträge zur Sprachwissenschaft; Vorträge und kleinere Schriften, 68). Innsbruck: Institut für Sprachwissenschaft der Universität Innsbruck.
  • Schumacher, Stefan. (1992). Die rätischen Inschriften. Geschichte und heutiger Stand der Forschung (Innsbrucker Beiträge zur Kulturwissenschaft; Sonderheft, 79). Innsbruck: Institut für Sprachwissenschaft der Universität Innsbruck, 2nd ed. 2004.
  • Schumacher, Stefan. (1998). "Sprachliche Gemeinsamkeiten zwischen Rätisch und Etruskisch". Der Schlern 72.90-114.

Надворешни врски[уреди]